Тие никогаш не би ви признале: 4 нешта кои се вртат во мислите на заљубените мажи
Да, тој можеби не е оној тип мажи кои ќе ви шепотат слатки зборови на уво, но тоа не значи дека треба да ги поминете наредните 6 часа со вашата пријателка, жалејќи ѝ се покрај шолја кафе дека тој кон вас е ладен како мраз. Спротивно на општото верување, во неговата глава не се вртат само мисли за пиво, друштво и фудбал. Тој во својата глава има многу повеќе нешта отколку што би помислиле, кои никогаш не би ви ги открил… Иако можеби би требало. Еве дел од нив…
1. Тој сака да биде „нечиј“
Мажите сакаат да бидат во улога на нечиј партнер, без разлика колку се обидуваат да го скријат тоа. Тие сакаат да го имаат тоа чувство на припадност, дури и покрај тоа што никогаш не би ви го признале.
2. Тој не сака да игра игри
И покрај тоа што ова звучи контрадикторно, сепак е вистинито. Скоро сите мажи сакат да играат секси игри во спалната соба, а ако им спомнете видео игри, нивното лице брзо ќе се разведри. Но, кога станува збор за психолошки игри поврзани со вашата врска, тие не ги сакаат, исто како и вас. Откако ќе одлучат да се предадат на врската, сакаат да знаат дека се на сигурно, па токму затоа почнуваат да го градат својот однос искрено и нема добро да реагираат доколку вие си играте со нив, на пример, ако пробувате намерно да ги направите љубоморни. Тоа нема да ви го покажат, па токму затоа и со тек на време може да доведе до крај на врската, без воопшто да знаете што не било во ред.
3. Тој го цени мислењето на неговите пријатели
Не се само жените склони кон барање потврда од нивните пријателки. И на мажите исто толку им е важно да се согласувате со нивното друштво, па токму затоа и најпрво индиректно ќе се обидат да ве вклучат во него пред да почнат сериозно да размислуваат за вашата иднина.
4. Тој се плаши да не ве изгуби
Без разлика колку ви делува дека стои со двете нозе цврсто на земјата, сепак и тој е човечко суштество кое има своја низа стравови. Мажите никогаш не би ви признале дека се плашат да ве изгубат, а уште помалку ќе го покажат тоа, па токму затоа и можеби погрешно ги интерпретирате знаците кои тие вие ги испраќаат за своите емоции.