Претходно
Тибетски чај за смирување: Заборавете на апчињата и нивните несакани последици
Овој чај делува подобро од апчиња за смирување, не го труе организмот и нема да ве успие. Исто така, тој го продолжува и животниот век.
Потребни состојки:
- 2 литри вода
- 5 грама ѓумбир, изрендан
- 2 супени лажици сок од лимон
- 2 супени лажици мед
- 1 прстофат чили пиперка
- 1 прстофат анасон
Начин на подготовка:
Зовријте ја водата и оставете ја да врие 5 минути и дозволете ѝ да се олади. Потоа додајте ги во неа останатите состојки и добро измешајте. Овој тибетски чај се пие по неколку голтки во текот на целиот ден или уште подобро, по 1 шолја пред секој оброк. Направената количина од 2 литри чај е доволна за 3 личности, а можете да ја пиете секојдневно.