Тешки времиња: Како да им помогнете на луѓето кои се соочуваат со загуба?
Времињата се тешки за многу луѓе поради губење на работното место, финансиски проблеми… Но, оние проблеми кои најмногу влијаат врз психата на луѓето и оние кои најмногу нè погодуваат се кога ќе изгубиме некоја личност која долго била присутна во нашиот живот. Нема ништо потешко од губењето на сакана личност и ниедно предупредување не е доволно за да се подготвиме за болката што следи.
Ако имате пријател/ка кој/а тагува, тогаш потрудете се да покажете што е можно повеќе љубов, поддршка и сочувство. Некогаш, дури доволни се само неколку магични зборови од добронамерен пријател за да се подобри ситуацијата.
Нормално е да не знаете како да помогнете кога некоја ваша блиска личност ќе изгуби некого кој го сакала. Сите тагуваат на различен и уникатен начин, па затоа тешко е да се одреди конкретна листа на совети, но постојат неколку едноставни насоки за тоа како да пружите поддршка без да го нарушите нивниот простор или нивната болка.
1. Не велете „Јави ми се ако ти треба нешто“
Сите ја користиме оваа фраза кога не знаеме што да направиме. Без разлика колку добри намери имате, тешко дека пријателот/ката ќе знае што му/ѝ е потребно и дека ќе може тоа успешно да ви го каже.
Наместо тоа, пробајте да смислите активни начини на кои можете да им помогнете. Понудете се да го прошетате нивното куче или да ги наводнувате нивните растенија. Оставете им храна во обвивки за една употреба. Понудете се да го почувате нивното дете. Како што кажавме – секој тагува на различен начин, па затоа е најдобро да учествувате во нивните индивидуални потреби.
2. Останете во контакт
Навистина е тешко да знаете што да кажете на личност која се соочува со загуба, па затоа најлесното нешто е да не кажувате ништо. Сепак, доволно е да испратите порака: „Се надевам дека си во ред. Ќе ти се јавам за еден час и ако не сакаш да зборуваш не кревај. Само сакам да знаеш дека сум тука.“
Не им кажувајте како да се чувствуваат или што да прават
Ако имате совет кој мислите дека е корисен започнете го вака: „Дали си помислил/а…“ или „Можеби можеш да пробаш…“ или „Би можел/а…“ Кога ќе ги презентирате нештата на ваков начин, личноста која ги слуша автоматски претпоставува дека таа тагува на ист начин како и вие. Ако кажете нешто во стилот: „Ќе се чувствуваш подобро ако го направиш ова…“ не е баш корисно, нити пак ќе ѝ помогнете на личноста. Како знаете дека тоа е воопшто вистинито?
Исто така кај фразите како: „Ќе биде подобро“, „Можеше да биде и полошо“ или „Сѐ се случува со причина“ постои ризик кој ја поништува болката така што личноста која тагува се чувствува дека треба да се чувствува подобро, кога не треба. На луѓето кои тагуваат треба да им се дозволи да бидат тажни.
4. Признајте ја нивната загуба
Некогаш најдоброто нешто што може да го направите е да речете: „Знам дека нештата не се добри во моментов, но јас сум тука“. Признајте и запомнете да бидете внимателни со нивните чувства, особено на важни денови. Испратете им картичка или порака за да им кажете дека мислите на нив.
На крајот, секогаш покажете љубов и разбирање и никогаш не претпоставувајте дека знаете како се чувствуваат тие. Правете ги овие нешта дури и ако мислите дека нештата се подобруваат. Пробајте да препознаете дали им е потребно да бидете поблиски или им е потребен простор, а ако не можете да почувствувате, тогаш најдобро е да прашате.
Многу често луѓето кои тагуваат се однесуваат како деца – премногу исплашени да зборуваат за нивната загуба, но сепак премногу повредени за да зборуваат за „нормални нешта“. Кога ова се случува, личноста која тагува може да се почувствува изолирано и осамено во време кога најмногу ѝ требаат нејзините пријатели.
Бестрашното поддржување нема да направи тагата да исчезне, но може да им помогне да се водат по она што во нормални услови би било невозможно патување. Честопати, може да се создаде ронка слатка надеж која ќе пенетрира низ горчливата загуба. Истото се случува кога и ние самите тагуваме.