Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени? - Part 2

Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

Може да станува збор само за страст доколку…

Време е да направиме проверка на реалноста. Без разлика колку возбудливо се чувствувате во вашата врска, тоа не е знак дека станува збор за вистинска љубов. Понекогаш, ние знаеме погрешно да ги толкуваме знаците на сладострастие или занес, со вистинска љубов.

Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

За среќа, објективен и експертски одговор на прашањево ни дава др. Виш:

„Доколку чувствувате екстремни емоции: мислите дека сте на врвот од светот, по малку сте манијачки настроени и се чувствувате премногу впиено во вашиот партнер и врската, тогаш веројатно не станува збор за љубов. Воедно, се чувствувате премногу зависни, вовлечени и спасени од вашиот моментален живот. Исто така, доколку сметате дека покрај себе имате доволно добра личност, којашто во вашиот ум е многу подобра опција, отколку да го живеете сингл животот по кој тргнавте, имајте на ум дека ни тоа не е позитивен знак за вистинска љубов.“

Доколку не сте свесни, хормоните навистина умеат да ни го поматат здравиот разум. Кога сме привлечени од некоја личност, мноштво од овие хемикалии лудуваат во нас и можат навистина да ни ја направат реалната слика збунувачка. Тестостеронот и естрогенот во мозокот го водат чувството на занес, што прави голема логика, ако го земете предвид фактот дека овие два хормони играат значајна улога во процесот на репродукција, па последователно на ова врската базирана на нив, е чисто од физичка природа.

Во меѓувреме, допаминот, серотонинот и норадреналинот се одговорни за чувството на привлечност во втората фаза на заљубеност. Допаминот се лачи кога сè во врската ви создава позитивни чувства, вклучително и сексот или поминувањето заедничко време со партнерот и притоа се чувствувате по малку зашеметено и еуфорично од среќа. Серотонинот исто така има огромна улога во подобрување на расположението и може и да влијае врз вашиот апетит, а норадреналинот може да влијае врз вашето спиење и апетит или да го поттикне чувството на брзо срцебиење. Важно е да запомните дека овие физиолошки реакции на вашето тело, се буквално знаци на физичка привлечност, но не нужно и на љубов.

Од друга страна, окситоцинот (т.н. хормонот на гушкањето) и вазопресинот (којшто е поврзан со моногамијата) се двата хормони коишто придонесуваат за длабоко поврзување со партнерот, а оваа фаза од врската може да биде одлична подлога за вистинска љубов.

Тешко е да се дефинира поимот „вистинска љубов“ бидејќи секој човек и ситуација се уникатни. Без разлика на самата врска, овие знаци можат до некаде да ви откријат дали станува збор за вистинска љубов. Ако откако ќе падне превезот на интригантноста и ќе почнете да ги имате првите несогласувња и кавги сè уште чувствувате привлечност кон вашиот партнер, тоа е добар знак. Со други зборови, откако анксиозноста и стресот ќе се смират, страста останала иста. Згора на тоа, би се чувствувале емоционално стабилни, смирени и подготвени да се соочите со сè, заедно со таа личност.

Терапевт открива: Како да откриете дали сте навистина заљубени или само занесени?

Вистинската љубов подразбира да го спуштите вашиот штит наземи и не само што треба да го прифатите партнерот онаков каков што е, туку и самите да се чувствувате прифатени од нивна страна. Кога сите опции ќе ги искористите, можете да ја примените и мудроста на вашата мајка: „Едноставно, ќе знаете“!

Прочитајте и Како да си ги зголемите шансите за наоѓање на вистинскиот партнер?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар