Темните кругови под вашите очи можат да откријат скриена болест

Темните кругови под вашите очи можат да откријат скриена болест

Темните кругови или кесите под очите не се само естетски проблем, туку можат да укажуваат и на сериозен здравствен проблем. Вие веројатно се обидувате да ги скриете со различни препарати и најчесто нивната појава ја препишувате на генетиката, но можеби е време да престанете да ги игнорирате и да ги сфатите како предупредување дека е време да го посетите вашиот доктор.

Темните кругови под вашите очи можат да откријат скриена болест

На пример, ако вашите темни кругови под очите се отечени, тоа може да укажува на проблем со задржување на водата и создавање масно ткиво во областа околу очите. Од друга страна, ако се само темни, тогаш може да се работи за зголемен проток на крвта надвор од ѕидовите на крвните садови од ткивото каде што се разградуваат. Погледнете кои други здравствени состојби можат да се кријат зад вашите темни кругови под очите…

Симптоми за анемија

Ако забележите дека подолго време имате темни кругови кои се претвораат во обесени кеси, тогаш не чекајте и тестирајте ја вашата крв. Анемијата е еден од најчестите причинители на темни кругови под очите, особено ако тие се проследени со главоболка, умор и лоша концентрација.

Проблеми со бубрезите и црниот дроб

Ако кожата под вашите очи стане претерано пигментирана во комбинација со значајна отеченост, тоа укажува на проблеми во работата на бубрезите и задржување на вишок течности во организмот.

Претерана консумација на алкохол

Познато е дека претераното консумирање алкохол може да влијае врз целиот организам. Тоа што укажува на сериозен проблем со работата на организмот и знак дека е време да престанете да консумирате алкохол се темните и истакнати кругови под очите.

Зголемен холестерол и хормонално нарушување

Обрнете внимание и на жолто-кафеавите точки кои се појавуваат околу областа на вашите очи. Тие се појавуваат на кожата и се последица од зголемен холестерол и хормонално нарушување во организмот. Тие исто така можат да бидат и знак за посериозни проблеми во работата на црниот дроб и тироидната жлезда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар