Тексас јакна: безвременско парче кое морате да го имате
Тексас јакните се класично и безвременско парче облека кое одлично прилега на сите дневни комбинации. Ова неизбежно парче е идеално за овој преоден период помеѓу топлото лето и ладната зима.
Оваа сезона се нешто што морате да го имате, а најбарани се оние во ретро стил, кои можете да ги комбинирате со макси фустани, разни здолништа и со куси чизми.
Во мода се и тексас моделите кои потсетуваат на моторџиска јакна. Најдобро се комбинира со тесни панталони, молив здолништа и штикли.
Исто така, тексас сакото доживува пробивање во модата, но во малку поинаков облик од оној на кој сме навикнати. Без разлика дали ќе се одлучите за струкиран или пак долг модел, тексас сакото можете да го комбинирате со тесни црни панталони во кои ќе изгледате совршено и без многу труд.
Популарни стануваат и тексас јакните без ракави кои најмногу се истакнуваат во комбинација со шарени кошули или фустани.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
kakakakakakakaakkaakkaakkakakaka e ? <3 :]];];]