Техниката 90 минути: Разбудете се наспани и одморени
Живееме во време кога на сите ни недостасува сон како резултат на секојдневната борба со обврските. Сепак, со помош на техниката 90 минути, можете да го „наштимате“ времетраењето на вашиот сон за да се разбудите наспани и одморени.
Истражувачите кои се занимаваат со проблемот на недостаток на сон ни откриваат трик со помош на кој можете да ги ублажите последиците од неспиењето и да се чувствувате одморени во текот на денот.
Објаснувањето лежи во циклусот на спиењето. Имено, циклусот се состои од 5 фази. Четири од нив се нон-РЕМ (брзо мрдање на очите), а петата е РЕМ фазата во која нема брзи движења на очите. Во оваа фаза сонуваме. Еден ваков циклус трае 90 минути.
Експертите упатуваат на важноста од непрекинување на циклусот. Па така, поодморен може да биде човек кој спие 3 часа, одошто човек кој спиел 8 меѓутоа го прекинал циклусот.
Заради ова, важно е да го утврдите времето во кое сакате да станете наутро и врз основа на тоа да го пресметате времето кога треба да си легнете да спиете.
На пример, доколку сакате да станете во 8 наутро, треба да легнете во:
8 > 6.30 > 5.00 > 3.30 > 2.00 > 12.30 > 11 претходната вечер
Според ова, би требало да легнете во 11 или во 12.30 навечер, доколку сакате да станете одморени во 8 наредното утро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
За жал статијата не ви е точна. Rapid-Eye-Movement или REM е фазата во која што имаме брзи движења на очите, а Non-REM спротивното од тоа. Оваа фаза на почетокот на циклусите е многу кратка и се зголемува во текот на спиењето, а не како во статијата „се менува секои 90 минути“. Што се однесува на сонувањето, постои претпоставка дека во РЕМ-фазата се сонуваат сонови каде што сонуваме спомени, т.е. работи кои се одвивале во минатото. Ама се дискутира на големо дали воопшто се сонува во таа фаза. Мажите кои што се разбудени во РЕМ-фазата стануваат со ерекција. Сметам дека кога се пишуваат статии, погодово медицински, треба да се внимава во глобала да се запази вистината, а не да се пишува од прилика од нешто што е прочитано а не дочитано. Благодарам однапред.