Тажни причини зошто партнерите во подолга врска престануваат да се бакнуваат страсно
Француските бакнежи се заштитен знак на фазата на вљубување од секоја нова љубовна врска. Колку и да нѐ нервира, убаво е кога паровите уживаат во бакнежите каде и да се, потполно сконцентрирани на моментот, без да обрнуваат внимание на она што се случува околу нив. За жал, партнерите кои се заедно подолго време, го одбегнуваат францускиот бакнеж и го заменуваат со обичен кој воопшто не делува страсно и вљубено. Зошто се случува ова? Зошто луѓето престануваат да се бакнуваат страсно, особено откако ќе се венчаат? Во продолжение, прочитајте кои се главните причини за тоа…
Премногу се зафатени
Со текот на времето, паровите не сакаат да се заморуваат со француско бакнување, бидејќи се премногу зафатени со нивните напорни секојдневија. Исто така, мислат дека врската е доволно цврста, па не мора да вложуваат толку многу труд во неа како порано. Свесни се дека страсното бакнување одзема повеќе енергија од обичниот бакнеж во образ и површното бакнување во уста. Тие заборавиле дека францускиот бакнеж може да ја разбуди нивната страст и да ја продлабочи нивната врска.
Чувствуваат дека партнерот ги игнорира
Понекогаш партнерите насобрале прикриен презир еден кон друг што ја згушува нивната страст. Жените стануваат особено чувствителни ако сметаат дека партнерот не им посветува доволно време и внимание. Постојат многу парови кои обожавале да се бакнуваат страсно, кои си ги обожавале мирисите и прегратките. Француското бакнување секогаш му претходело на водењето љубов. Се гледале со копнеж и постоела магнетна привлечност помеѓу нив.
Но, по некое време, многу жени почнуваат да чувствуваат дека партнерот ги игнорира. Токму затоа, тие престануваат да се грижат за изгледот, не ги мијат забите толку често и не ставаат балсам на сувите усни. На мажите не им недостасува француското бакнување, туку поважен им е сексот, па затоа ја прескокнуваат предиграта и веднаш преминуваат на главното.
Не можат да ги изразат нивните желби и потреби
Многу парови престануваат да се бакнуваат страсно затоа што им недостасуваат комуникативни вештини за да ги изразат нивните желби и потреби. Страста не може да тече природно низ вашите вени, доколку не се чувствувате слободни да го кажете вашето мислење. Ако сакате да уживате во француските бакнежи, вашата енергија не смее да биде блокирана, туку треба да тече слободно.
Мажите сакаат директна комуникација, додека повеќето жени разговараат меѓу редови. Кога мажите се повлекуваат за да си ги изладат главите, жените се преоптоваруваат со проблемот. На почетокот од врската, поврзувањето оди лесно, но подоцна кога ќе надвладее сложеноста на животот, многу е важно да комуницирате и да ги искажувате вашите желби. Кога комуникацијата е јасна и отворена, презирот не може да се натрупа и да ја убие љубовта. Немојте да го презирате вашиот партнер.
Одвојте повеќе време за страсно бакнување. Тоа е добро за вашето духовно здравје и ќе ви помогне да ја зачувате страста и љубовта во врската.
Доколку сакате да дознаете повеќе за бакнежите, прочитајте за 3-те грешки кои ги правиме додека се бакнуваме.