Тажната причина зошто траумата од детството ни влијае и во зрелоста
Доколку имате доживеано траума во детството, како злоупотреба или занемарување, тоа може да доведе до посттрауматско стресно растројство (PTSD) подоцна како возрасни.
Зошто траумите во детството влијаат во зрелоста?
Одговорот е едноставен: мозокот и нервниот систем ја создаваат меморијата. Но, како многу други видови трауми, самиот едноставен одговор е малку… комплициран. За да разберете зошто вашето трауматично искуство во минатото може да ви влијае на живот како возрасни, најпрво треба да разберете неколку работи за емоционалната болка.
Прво, како мозокот и нервниот систем ја обработуваат меморијата. Второ, треба да ја разберете и самата природа на траумата.
Мозокот и меморијата
Меморијата во мозокот настанува кога глетките, мирисите, допирите и вкусовите ќе навлезат во вашиот нервен систем. Ова се случува преку сетилните органи како што се нашите очи, нос, кожа… Овие информации се канализираат во мозочната структура наречена таламус, чија задача е истовремено да ги пренесуваат информациите на две патеки: „брзиот“ пат до амигдалата (алармот на мозокот – замислете си го како детектор за чад) и „бавниот“ пат на предфронталниот кортекс (свесниот дел за размислување од мозокот).
Овој „брз“ пат кон амигдалата е важен кога помислувате на траума. Тоа е затоа што амигдалата, како центар на стравот на телото (или детекторот за чад), прави неколку важни работи. Тој ги толкува сензорните информации, придава емоционално значење и му овозможува на вашиот систем да се подготви за потенцијална опасност, дури и пред да знаете точно која е опасноста.
На пример, замислете дека се шетате и одеднаш забележувате темен, долг и тенок предмет на патот. Амигдалата веќе утврдила можна опасност и испратила сигнали до хипоталамусот. За возврат, хипоталамусот испратил сигнали до вашиот автономен нервен систем за да се подготви за борба или за бегање. Ова го зголемува вашето срцебиење и дишење, и ги окупира мускулите на нозете при што го забавува вашето движење. Само малку подоцна, префронталниот кортекс („бавниот“ пат) се вклучил заедно со хипокампусот, мозочниот колектор на меморијата, и ви дал до знаење дека станува збор за стап, а не змија.
Последниот дел е особено важен кога станува збор за разбирање зошто детската траума влијае на зрелоста.
Траума и меморија
Кога доживувате траума, мозочниот систем за меморија може да работи премногу добро.
На пример, 18-месечната Кејт гледа ново куче во паркот и среќно се затрчува кон него. Кучето, не е навикнато на мали деца, па ја напаѓа и ја каснува. Раните ѝ се сериозни и потребна ѝ е операција. Во чекалната соба во болницата, родителите на Кате нервозно го чекаат хирургот да излезе од операционата сала. Нејзината баба прозборува тивко „Среќа што Кејт е толку млада. Таа нема да се сеќава што се случило.“
Како баба ѝ на Кејт, така и сите ние би сакале да веруваме дека таа нема да се сеќава на овој настан, и дека нема да ѝ влијае додека расте. За жал, тоа често не функционира на тој начин.
Улогата на имплицитна и експлицитна меморија
Кејт не гледа опасност во кучето поради нејзините позитивни интеракции со семејното куче. Поточно, нејзината амигдала досега имала само добри искуства за менталната категорија „куче“. Кејт не помислува на можна закана од кучето во паркот. Ова е затоа што, по осумнаесет месеци, нејзиниот хипокампус почнува да ја следи, сортира и категоризира свесната меморија, вклучувајќи ја и мислата.
Овие мисли кои содржат спомени, се нарекуваат експлицитни или декларативни спомени.
Бидејќи таа нема експлицитна меморија која ја вклучува и мислата „некои кучиња се опасни“, Кејт оди со среќен импулс кон кучето. Тоа значи дека таа делува само на процесната меморија (исто така наречена имплицитна меморија), која се потпира на инстиктивни и условни реакции, како и емоционална асоцијација („кученце!“).
Како Кејт ќе реагира на непознати кучиња во иднина, зависи од тоа како нејзините родители и останатите возрасни околу неа, ќе му помогнат на нејзиниот нервен систем да го процесира овој настан. Ако оваа помош е недоволна или не одговара на нејзиниот нервен систем, таа најверојатно ќе има страв од непознати кучиња во иднина. Ова е водено од нејзината процесна меморија, иако таа нема да има свесни сеќавања од нападот на кучето.
Сега, хипокампусот на Кејт е вклучен и целосно функционира (што се случува понекогаш после осумнаесет месеци), па многу е веројатно дека мозокот ќе има експлицитни сеќавања кои ќе помогнат при информирањето на телото, како таа во иднина да реагира на опасности.
Како телото на Кејт „треба“ да реагира, ќе биде водено од последната реакција кога дошла до некоја опасност. Со други зборови, во иднината, Кејт може да „замрзне“ кога ќе сретне куче – исто како што и нејзиниот систем замрзнал за време на нападот. Ова ќе се случи, иако сегашните околности можат да сугерираат дека борбата или бегањето може да биде посоодветен одговор.
Па сега, кога имате претстава за тоа како мозокот и нервниот систем формираат меморија, што е тоа траума? Постојат многу начини да се дефинира траумата, но само два се истакнуваат.
1. Когнитивната дефиниција
Во оваа дефиниција, траумата е нешто што е ужасно, застрашувачко или заканувачко, така што едно лице нема соодветна референтна рамка со која може да се објасни.
Добар пример е искуството од 11 септември 2001 година во САД. Додека координираниот напад врз Светскиот трговски центар и на Пентагон, како и поврзаниот пад на Обединетиот Лет 93 во областа во Пенсилванија беа навистина ужасни настани, тие не оставија психолошки трауми за огромното мнозинство на американскиот народ.
Зошто? Бидејќи во деновите и неделите кои следуваа по нападот, луѓето од цела Америка, кои не беа директно засегнати од настаните зборуваа за тоа непрестајно и колективно создадоа референтна рамка за настанот. Комерцијалните авиони што се користат како проектили се тероризам. За да бидеме сигурни, треба да се браниме од оваа закана, која се нарекува тероризам.
Сега, да ја земеме природата на детството, особено раното детство. По дефиниција, детството е време да не се има соодветна референтна рамка за да се направи смисла на светот. Кога работите се движат природно, родителите, старателите и другите возрасни му помагаат на детето да го сфати своето искуство, создавајќи рамки од настани.
На пример, помислете на роденденската забава на 2 години. Тортата, дувањето на свеќите, пеењето на среќната роденденска песна, подароците – сите се придружени со насмевки и смеа, но и со објаснување.
„Џек денес полни две години. Ура! Ајде да пееме са роденденското момче! Денеска е твојот специјален ден. Среќен роденден Џек!“
Сите овие искуства и објаснувања работат за да го сочуваат емотивното искуство. Тие, исто така, градат референтна рамка – ментална категорија на „роденден“ за детето.
Но, во траумата, настанот не е среќен, баш напротив, тој е многу емоционален и заканувачки. И оние критични сигнали и сите важни објаснувања не се таму или се несоодветни.
На пример, 8-годишната Рејчел ги слуша суровите звуци на нејзините родители кои се караат и покрај тоа што вратата од нејзината соба е затворена. Следниот ден по појадокот, родителите на Рејчел ѝ соопштуваат дека одлучиле да се разведат. Тие ѝ велат дека ништо нема да се промени, само што мајка ѝ ќе живее на ново место. Преплавени од своите емоции, тие не споделуваат многу. Рејчел се повлекува во својата соба, мислејќи дека разводот на незините родители е нејзина вина.
Ова болно искуство на Рејчел ја создава менталната категорија „брак“. Објаснувањата што ги дадоа нејзината мајка и татко, беа несоодветни за да ѝ помогнат на Рејчел да го разбере настанот. Со отсуство на соодветна референтна рамка, мозокот на Рејчел доаѓа до заклучок: „Тоа е моја вина.“
2. Соматска (тело) дефиниција
Оваа дефиниција на траума се однесува од аспект на телото за време на траумата. Тука, траумата е дефинирана според тоа кога нешто заканувачко ја зафаќа способноста на телото да се справи или да се брани во моментот. Што и да е тоа, доаѓа премногу брзо, или доаѓа прерано, или е премногу…
На пример, се случува премногу брза сообраќајна несреќа и ги надвладува инстинктивните реакции на телото за да се одбрани и заштити. Телото сака да се извлече од заканата, но е заглавено. Како резултат на тоа, одбранбените и заштитните реакции на телото не се извршени.
Наместо тоа, спреченоста на овие моторни модели за преживување останува заглавена во нервниот систем и според Питер Левин, пронаоѓач на Соматско Искуство, тогаш почнува развивањето на првите симптоми за посттрауматското стресно растројство.
За да илустрираме, да се вратиме на примерот на малата Рејчел. Разводот претставува закана за светот на Рејчел, односно за нејзиното семејство и дом, кога се претвора во физиолошко преживување. Нејзините родители, преокупирани од нивните сопствени емоции, не успеваат да ѝ помогнат на Рејчел. Поточно, тие не му помагаат доволно на нејзиниот нервен систем да го сноси и процесира активирањето што е создадено од страна на заканата за опстанок.
Недоволното процесирање на заканата за опстанок, енергијата на спречената борба, замрзнувањето или примените реакции, почнуваат да живеат како траума во нејзиниот нервен систем. Додека Рејчел станува возрасна и започнува нови врски, оваа преживеана енергија од детската траума сè уште неизлезена на површината, тивко влијае на нејзината зрелост. Таа честопати потсвесно е предупредувана кога врските почнуваат да стануваат интимни: „Бегај! Тоа не е безбедно!“
Студиите за несакани последици од детството и други истражувања покажуваат силна поврзаност помеѓу детската траума и болест во зрелоста. Одредени проблеми со менталното здравје во зрелоста, исто така се знаци на траума од детство. Според професионалците за ментално здравје, вообичаените симптоми кои често се поврзани со детска траума се:
- Хронична анксиозност или депресија
- Симптоми на посттрауматско стресно растројство
- Нарушувања на личноста како што се граничното или нарцисоидното растројство
- Дисоцијативни нарушувања
- Злоупотреба или зависност од супстанции
- Зависности или компулсивности како што се нарушувања во исхраната, сексуална зависност…
- Автоимуни нарушувања
- Непостојани односи во некои аспекти од животот како што се врски, работа…
- Хронични нарушувања на спиењето
- Проблеми со управувањето со лутината
- Постојани чувства на срам
- Самоповредување, сечење..
Ако сфативте дека сте биле погодени од влијанието од детска траума, кој е следниот чекор?
Совладувањето на детската траума генерално не може да се направи самостојно, а игнорирањето само ќе ги зајакне симптомите. Детска траума не е нешто што многу добро реагира на редовна терапија за разговор.
Пронајдете терапевт кој е обучен за ваков вид траума:
- EMDR (десензибилизација и преработка на движење на окото)
- Соматско доживување (елементот на допир на SE може да биде особено корисен за рана, невербална детска траума)
- Сензомоторна психотерапија
- Соматска траума терапија (работата на Бабет Ротсчајлд , MSW)
Автор: Ана Патриклиева