Татковци откриваат што сè треба да знаете за бременоста на вашата сопруга

Татковци откриваат што сè треба да знаете за бременоста на вашата сопруга

Бременоста претставува истовремено збунувачки, прекрасен и застрашувачки процес исполнет со анксиозност, како за мајките, така и за идните татковци, особено доколку за прв пат го искусуваат родителството. Од таа причина, неколку татковци споделија искуства кои ги стекнале со тек на време и кои веруваат дека ќе им помогнат на идните татковци многу полесно да се снајдат со промените кои ги очекуваат.

1-lekcija-za-idnite-tatkovci-tatkovcite-otkrivaat-shto-bi-trebalo-da-znaete-za-bremenosta-www.kafepauza.mk_

1. Подготвени сте повеќе отколку што мислите

„Ќе бидете преплашени, ќе преиспитувате сѐ, но сепак ќе преживеете. Кога дојде време да го добијам својот прв син, мојата сопруга се одлучи да се породи дома, на средината на дневната соба. Ја прифатив таа идеја без размислување, знаејќи дека паровите со векови наназад се одлучувале за таков чекор. Бев исклучително анксиозен, сѐ додека не дојде време и за раѓање на четвртото дете. Знам дека звучи како клише, но на крајот навистина сѐ ќе биде во ред.“

2. Секоја бременост е единствена

„Во филмовите, штом парот дознае дека очекува бебе следуваат утринските мачнини, идните мајки неконтролирано јадат путер, кисели краставички, се дебелеат и го раѓаат бебето еден час подоцна. Спротивно на тоа, мојата сопруга никогаш не искусила утринска мачнина, одбиваше да јаде путер од кикиритки и се породи дури 24 часа откако ѝ пукна воденикот. Сега имаме две деца и со сигурност можам да кажам дека секоја бременост е посебна. Едуцирајте се, прочитајте многу книги, но бидете подготвени на неочекуваното. Ретко кога работите се одвиваат токму по планот.“

3. Ќе има моменти кога навистина нема ништо да можете да направите

„Оженет сум со силна жена, но постојат моменти кога таа ја бара мојата помош. Во текот на двете бремености имаше периоди кога таа чувствуваше силна болка или неудобност, а јас не можев да направам ништо во врска со тоа. Покрај тоа, понекогаш вашите партнерки ќе посакаат да ги оставите на мир за да бидат сами со себе – тоа е апсолутно во ред и не доживувајте го лично.“

4. Бидете внимателни околу храната која ја готвите и парфемите кои ги носите

„Кога мојата сопруга беше бремена, не можев да поверувам колку беше чувствителна на мириси. Мој совет би бил да бидете внимателни на сѐ. Доколку за ручек сум изел нешто што содржи кромид, таа веднаш ќе го намирисаше тоа и ќе почувствуваше мачнина. Избегнував да нарачувам зачинета храна, бидејќи таа можеше да намириса сѐ од другата страна на домот.“

5. Татковството бара и разговор за емоциите

„Во текот на бременоста бев фокусиран на физичките работи и не можев ниту да претпоставам колку целиот процес ќе ме исцрпи на психичко ниво.“

6. Немојте да ги избегнувате вечерните излегувања со вашата бремена партнерка

„Не би рекол дека сум најромантичниот маж на светот, но дефинитивно дадов сѐ од себе да ја изнесам тогашната девојка и сегашната сопруга на љубовни состаноци, барем три пати месечно. Меѓутоа, кога остана бремена, мислев дека порачувањето на храна наместо излегување се подразбира. Дури кога го добивме нашето дете сфатив дека требаше да го извлечеме максимумот од нашата врска додека сѐ уште можевме да го правиме тоа без пречки.“

7. Вашата партнерка е анксиозна исто колку и вие (ако не и повеќе)

„Се сеќавам дека бев неверојатно нервозен во врска со сето тоа додека мојата жена беше бремена. Мислев дека нема да можам да се носам со менувањето на пелените, а камоли со татковството. Но, кога таа конечно се породи, ми изгледаше дека сѐ е повторно во ред. Би сакал да ѝ давав поголемо значење на нејзината нервоза и да разберев дека и двајцата бевме подеднакво анксиозни.“

Дали сте се запрашале што значи да се биде татко? Прочитајте ги овие урнебесни цитати за татковството од познатите личности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар