Татко советува како да го пронајдете мажот од вашите соништа

Татко советува како да го пронајдете мажот од вашите соништа

Постои верување дека татковците се секогаш заштитнички настроени спрема нивните ќерки и им треба многу време за да го прифатат нивниот сакан, бидејќи сметаат дека никој не е доволно добар за нив. Тоа всушност не е целосно вистина. Тие само сакаат нивните ќерки да пронајдат некој кој навистина ги заслужува. Прочитајте ги следниве совети на еден татко кои се толку едноставни и вистинити истовремено што без сомнение ќе ви помогнат во вашата потрага…

Прочитајте ги советите на еден татко за тоа како да го пронајдете мажот од вашите соништа

Идниот сопруг треба да биде некој кој ќе може да ве насмее

Имајте момче кое ве прави среќни, но омажете се со него само ако може да ве насмее толку силно што секогаш прскате од смеење на неговите шеги. Бидете со него во врска доколку забележува дека ви е тешко и ви остава простор да ја почувствувате болката за момент како се шири во вашата свест, омажете се со него ако може да ве насмее и тогаш кога лиете крокодилски солзи. Светот е сурово место за живеење. И многупати ќе бидете повредени. Бидете со некој кој ќе го направи тоа подносливо. Смислата за хумор е одличен знак за интелигенција. Животот знае да стане досаден. Најдете некој кој и баналното го прави да биде интересно.

Видете дали има лузни на дланките

Тој треба да има лузни на дланките, бидејќи тоа е добар знак дека тој искусил или борење или создавање работи. Создавањето е чин на несебичност, а помодрените прсти знак дека тој знае како да се брани. Вашата душа е премногу голема и со неа нема да може да се справи некој кој никогаш не покажал страст кон нешто. Не е добро ако никогаш не удрил тупаница, или барем бил блиску до идејата да стане реалност. Грубите дланки се подобри од нежните, тие биле посолени од земјата и претворени во кожа. Гребаниците и лузните се доказ дека тој живеел, дека има оштетена кожа и ја искусил болката повеќе пати, а сепак успеал да застане на нозе. Немојте да се омажите за него, доколку тој не може да поднесе ниту еден обичен плускавец.

Пред да го кажете судбоносното „да“, налутете го. Видете го исплашен, видете го како посакува нешто, видете го болен. Стресот го менува човекот

Дознајте дали пие, и ако пие, опијанете го. Така ќе научите повеќе за неговите трезни мисли. Откријте ги неговите зависности. Видете дали ве става вас пред сите нив. Не можете да ги промените луѓето. Ако тие се создадени на еден начин, тоа нема самото да исчезне. Ако го мразите начинот на кој се однесува во таква ситуација, уште повеќе ќе го мразите како што ќе минуваат годините. Можеби ќе го сакате малку, но тоа нема да го промени фактот дека некои луѓе едноставно не си одговараат.

Верувајте му на вашиот инстинкт

Доколку некогаш направи да се чувствувате несигурно, не барајте изговори, туку едноставно заминете. Толку од таа работа. Подобро е да се спречи, отколку да се лечи.

Прочитајте ги советите на еден татко за тоа како да го пронајдете мажот од вашите соништа

Доколку ги става парите пред вас, тој ќе ве турка до дното на купот додека не станете неговиот последен приоритет

Една работа е ако тој не може да си го дозволи она што го сакате, сосема друга е ако тој има пари, а не сака да потроши на заедничко патување. Парите и љубовта се смртни непријатели. 62% од разводите се случуваат од економски причини. Бидете сигурни дека вие сте му поважни од неговите пари.

Односот на мажот спрема животните е добар показател за тоа како ќе се однесува со децата

Ако видите дека тој крева рака на куче, веднаш заминете. Животните во нивното најлошо издание се само половина иритантни од тоа колку можат да бидат малите деца здодевни во нивното најдобро издание. Вашите деца ќе бидат прекрасни, но и ќе бидат непослушни. Истото важи и за келнерите и за хотелската послуга. Доколку тој е некултурен кон луѓето кои работат за минимална плата, тоа многу зборува за тоа како се гледа себеси. Трпението е реткост, но е многу важно. Ако тој не може да му прости на куче, не е добар за вашите деца.

Доколку тој не ви се восхитува, не ве заслужува

Вие сте совршени. Ако тој не може да го види тоа, негова загуба. Постои некој на светот кој ќе мисли дека вашите маани го прават посилно неговото срце. Бидете силни. Ако тој побара од вас да се промените, бидете цврсти како карпа и не попуштајте. Вие сте прекрасни токму такви какви што сте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар