Тарт со бадеми, праски и крем сирење
Овој тарт со праски можеби ќе биде вашиот омилен десерт за оваа сезона
Потребни состојки (за тестото):
- 170 грама брашно
- 100 грама мелени бадеми
- 50 грама шеќер
- 125 грама путер
- Прстофат сол
- 1 јајце
Потребни состојки (за филот):
- 400 грама крем сирење
- 100 грама шеќер
- 1 јајце
- 1 лажица екстракт од ванила
- 3 праски
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а тавата за печење премачкајте ја со путер.
Во сад ставете ги бадемите, брашното, шеќерот, солта и путерот и измешајте ги со миксер или со раце. Потоа додајте го и јајцето и направете тесто, притоа месете го само додека да се соедини. На површина со брашно растегнете го тестото колку тавата и ставете го во фрижидер додека го подготвувате филот.
Измешајте ги сирењето, шеќерот, јајцето и екстрактот од ванила. Праските исечете ги на половина. Во изладеното тесто направете дупки со виљушка, а потоа ставете го кремот. На крај наредете ги праските. Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20-25 минути, односно додека тестото не добие златна боја.
Доколку барате идеја за велигденски десерт, пробајте ги овие чоколадни јајца на поинаков начин.