Танц

Танц

Автор: Наташа
(поднесено преку „Предложи содржина“)Танц
Танцувај,
како дете, со самодоверба и занес.
Растреси ја косата,
кадриците нека раѓаат елан и живост.
Истакни ги очите,
трепките нека повикуваат на покорителна страст.
Замавни со рацете,
грациозно, женствено.. танцувај, танцувај…
Заборави на прашината врз твоите очи.
Раскини ја болката наместо таа тебе.
Фрли ја и рамнодушноста во зандана.
Танцувај, латинска убавице.
Отвори го срцето,
собери ја Вселената во него.
Танцувај,
зацарувај со животот…

(За клинцезата со латинско срце)

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.

———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар