Тајното оружје на психолозите: Како да го добиете тоа што го посакувате?

Тајното оружје на психолозите: Како да го добиете тоа што го посакувате?

Да претпоставиме дека треба да преговарате за платата. Чувствата на напнатост, непријатност, нервоза и несигурност се сосема нормални. За да им помогнат на оние кои не умеат да се соочат со ваквите ситуации, научниците од Универзитетот Принстон во соработка со бројни психолози и психијатари, врз основа на истражувањата предложиле испробан начин преговарањата да завршат онака како што сакате.

Тајното оружје на психолозите: Како да го добиете тоа што го посакувате?

Тие советуваат дека најдобриот успех се постигнува со говорот на телото односно со правилно избраната гестикулација.

Најпрвин, имитирајте ја личноста со која разговарате. Ова се нарекува „камелеон ефект“ и носи неверојатни резултати – создава пријателска атмосфера и големи се шансите да го добиете она што го посакувате. Но, внимавајте да не имитирате непријателски сигнали.

Не тресете ја ногата. Нозете се најголемиот дел од вашето тело и ако со нив покажувате нервоза, тоа нема да остане незабележано. Вашето тело така ќе кажува дека сте нервозни и несигурни. Затоа, спојте ги нозете, дланките ставете ги на бедрата и сѐ ќе биде во ред.

Не допирајте го вратот. Тој е многу чувствителен дел од телото каде се наоѓаат голем број нервни завршетоци. Со допирањето на вратот покажувате дека сте нервозни, напнати, дека сте под притисок и дека веројатно лажете. Пред сѐ, вашето тело испраќа сигнали дека сте несигурни.

Задолжително е цврстото и сигурно ракување. Никако не смеете да се ракувате слабо и незаинтересирано, како да чекате вашата дланка во секој момент да се лизне од онаа на соговорникот. Кога цврсто се ракувате вие всушност кажувате дека сте екстровертна, комуникативна личност спремна да ги покаже своите емоции.

Немојте да имате намуртен израз на лицето. Кога сте намуртени, на вашиот мозок се испраќа порака дека ситуацијата во која се наоѓате е напната и тој одговора на тој начин што во крвта испраќа „хемија на стресот“ и како резултат вие се однесувате како да сте под голем стрес. Вака разговорот нема да тече онака како што сакате.

За крај, тоа што сигурно успева е „две минути во моќната положба.“ Пред да се појавите на разговорот, погрижете се дека сте сами, исправете го телото, исфрлете ги градите нанапред, благо раширете ги стапалата и рацете кренете ги над главата како да се тегнете. Стојте вака две минути и дишете. Многу истражувања покажале дека наменското форсирање на оваа „моќна положба“ навистина прави да се чувствувате моќно и самоуверено што ви е многу потребно кога се подготвувате за преговарање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар