Тајните на позитивната карма
Кармата означува причинско-последични постапки, кои ја одредуваат сегашноста и иднината на поединецот. Доброто со добро се враќа, лошото со лошо. Погледнете кои работи треба да ги правите во животот за да ве следи позитивна карма.
Заборавете на грешките
Никој не е безгрешен. Грешките се неизбежен дел од живеењето. Престанете да се фокусирате на нив, едноставно заборавете ги. Можеби така ќе престанете да размислувате за лошите последици што треба да ве снајдат од грешката што сте ја направиле.
Простувајте
Ако сте згрешиле, признајте го тоа и извинете се. Или пак, ако вам ви згрешиле, простете. Веднаш ќе се чувствувате подобро и ќе бидете спремни за нови предизвици.
Засадете цвет
Ова е добар начин за постигнување на позитивна карма. Со тоа што засадувате цвет ѝ давате на нешто на природата и се чувствувате убаво. Ова не е тешко, а истовремено е и забавно.
Давајте комплименти
Бидете искрени кога давате комплименти. Ако нешто навистина ви се допаѓа, не штедете ги позитивните критики. Запомнете, колку давате, толку и добивате.
Внимавајте што зборувате
Убавиот збор железни врати отвора. Еден начин за постигнување на добра карма е сознанието за моќта на зборот. Внимавајте, бидејќи злобните мисли, зборови, намери може многу лесно да ви се вратат.
Не изневерувајте
Животот е полн со искушенија, но треба да бидете доволно силни да им се спротивставите. Само така, преку градење на сопственото трпение и издржливост, станувате подобра личност.
Не судете
Луѓето не постојат за да бидат осудувани. Ако не ви се допаѓа нечиј начин на облекување, не судете. Можеби некому, токму тоа му се допаѓа. Различни луѓе, различни вкусови. Не судете им на другите за грешките и размислувајте позитивно.
Сакајте се себеси
Секако, за да сѐ од горенаведеното биде возможно, треба најпрвин да се сакате себеси. Престанете постојано да си барате маани. Сакајте се онакви какви што сте. Само доколку самите се почитувате и другите ќе ве почитуваат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.