Тајните на француските дами

Тајните на француските дами

Автор: Софија Сионова

„Је ne sais quoi“ e еден од најпознатите француски изрази кој во превод значи „не знам“, но напротив, тој ни малку не го опишува прецизниот и елегантен стил на француските дами. Тој крие интрига и мистерија, и иако модерната француска жена сѐ уште зачувала некои елементи од тоа, оваа реченица во голем дел се коси со францускиот стил бидејќи денес тој дава одговор на сите прашања.

1-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

1. Да живее смокингот!

Ова парче облека кое зрачи со сериозност и строг крој спротивставувајќи се на женската силуета е измислено во 60-тите години на минатиот век од страна на Ив Сен Лоран, а и денес е застапено во плакарите на модерната жена.

2-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

2. Клучот е во едноставноста

Некогаш лесните, релаксирани и едноставни комбинации се оние кои оставаат најголем и најсилен впечаток.

3-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

3. Одберете ниски обувки наспроти високи

Рамните обувки се првиот избор на француските девојки, а тие се и попрактични за справување со калдрмата.

4-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

4. Сведете ги додатоците на минимум

Суптилниот стил со минималистички златни додатоци е вистинскиот начин да изгледате како модерна француска дама.

5-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

5. Моторџиска јакна

Кога се прашувате какво палто да облечете, најдобар избор е моторџиската јакна. Верувајте, нема покул од тоа.

6-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

6. Оставете нешто незавршено

Вашата кошула нека биде полуиспуштена надвор од панталоните, некое копче нека остане незакопчано или пак малку подвиткајте ги чизмите и ќе изгледате како намерно да не сте се потрудиле воопшто. Така ќе привлечете внимание, а ќе заштедите и малку време.

7-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

7. Покажете малку кожа на невообичаен начин

Покажување на деколте и нозе? Досадно. Француските девојки повеќе сакаат оригиналност како покажување на вратот и рамениците или пак голиот грб.

8-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

8. Додајте едно нетипично парче

Тесното кожно здолниште предизвикува уште поголема интрига кога му парира на дебел плетен џемпер и патики.

9-tajnite-na-francuskite-dami-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар