Тајниот афродизијак што независните жени низ историјата го користеле за своја предност
Во новите ТВ серии чие дејство се случува во одреден момент од историјата, жените се претставени разиграно и полни со живот – нешто што малкумина го искусуваат во денешниот модерен свет. За нив изгледа како целиот живот да е игра, за разлика од нас, чија крајна цел ни е да бидеме сакани, да успееме во своите цели и едноставно да внесеме повеќе авантура како замена за рутините. Затоа и уживаме во приказните од овие ери.
Тоа што го гледаме не е базирано на историски разлики, туку на едноставниот факт дека љубовта е подобра кога е забавна. Ова е фиксен дел од нашата биологија – окото следи објект во движење пред да се фокусира на некој статичен. Тоа што е потешко да се добие е попривлечно од тоа што е лесно, бидејќи од еволуциска гледна точка, потешките нешта се најчесто и поквалитетни. Во нашата генетика ни е да запишано да мислиме дека најпосакуваните нешта што можеме да ги имаме се токму оние што ни се забранети.
Забавата во љубовта почнува со „бркањето“, што го означува првичниот дел од врската. Токму затоа и овие старовремски врски се толку забавни за гледање – жените биле мастери во ценење на својата независност. Мажите што се заљубени во нив, ги гледаат како објекти во движење, нешта што не би се помириле лесно на нивните каприци. Со еден збор, ги гледаат како предизвик. Да бидеме јасни, жените што го прават ова успешно не глумат, туку навистина се тешки за освојување. Кога независноста е редок комодитет, внимателно ја заштитувате.
Најмоќните жени низ историјата биле познати по својата способност да направат секој маж да чувствува како да добива одлична зделка со тоа што ќе биде со личност што луѓето знаат дека секогаш има други опции. Вие не мора да бидете родени во богатство или пак, да имате неверојатен изглед – сè тоа може да се постигне со тек на време. Но кога ги имате финансиските ресурси да носите свои одлуки и да напуштите врска што веќе не ви одговара, тогаш секогаш ќе ја имате аурата на личност што бара да ѝ се воодушевуваат.
Секако, и порано имало жени што наоѓале работни позиции, но исклучително бестрашните дами отворале бордели. Често се шегуваме дека проституцијата е најстарата професија во светот, но постои вистина во тоа. Таа отсекогаш била еден од ретките начини низ историјата жените да почнат да се движат нагоре во свет што постојано ги држи наземи. Уште во 18-от век, кога тие сакале можности и движење, тоа го правеле така што заработувале свои пари, а врските кои тогаш ги формирале биле базирани на желба, привлечност и љубов, а не на финансиска сигурност или потреба да се смират крај некој. Жените биле повеќе ценети и многу поблизу до улогата на партнер наместо имот.
Ако се прашувате како можете да се издвоите на денешната љубовна сцена или како да внесете свежа страст во вашата моментална врска, земете неколку совети од жените во минатото. Однесувајте се кон својата независност како да е бесценет ресурс – нешто за што треба да се грижите и да го заштитувате. Резултатот, како што може да се види низ историјата, е дека и двете страни во врската ќе се чувствуваат побудно – нашите бурни човечки инстинкти ќе се вратат во полн ек и ќе се сетите колку е забавно секојдневно да бркате и да заработувате нечија љубов.