Тајната за успех: Доколку го сфатите ова, вие можете да постигнете сè што ќе посакате!

Тајната за успех: Доколку го сфатите ова, вие можете да постигнете сè што ќе посакате!

Низ целата наша историја можат да се забележат големи и мудри луѓе, професори, филозофи и пророци кои за многу нешта се согласувале или се спротивставувале. Но, кога станува збор за еден закон на природата, сите тие целосно се согласувале – ние стануваме она за што размислуваме. Тоа е најчудната тајна. Всушност, зошто воопшто ја нарекуваме тајна кога сите ние горе долу сме свесни за неа?

Тајната за успех: Доколку го сфатите ова, вие можете да постигнете сè што ќе посакате!

Овој закон на природата постои од самиот почеток на човештвото, а потоа се појавил дури и во Библијата. Оттогаш, постојано се пренесува со генерациите, но и покрај тоа што тој постои одамна, многу мал број луѓе го разбираат, додека пак за останатите останува голема тајна и мистерија. Марко Аврелиј, еден од најголемите римски императори, убаво кажал сè што треба ние да знаеме на оваа тема:

„Човековиот живот е она што неговите мисли ќе направат од него.“

Од друга страна пак, Бенџамин Дизраели, еден од најпознатите премиери во историјата на Велика Британија кажал:

„Сè ќе дојде доколку човек може да се стрпи. Ако еден човек има своја цел, тој без сомнение и ќе ја оствари. Ништо не може да ѝ се спротивстави на желбата која постои за исполнувањето на своите цели.“

Вилијам Џејмс, голем филозоф и психолог од Америка кажал:

„Треба да се однесуваме целосно ладнокрвно и да чувствуваме како нашата цел веќе да е остварена. Оваа состојба на свеста ќе направи безгрешно точна конекција со она кое сакаме да го постигнеме и токму затоа ќе успееме во тоа. Тоа чувство дека веќе сме успешни, дека веќе сме го оствариле својот сон ќе ни премине во секојдневна навика, поради која ќе се чувствуваме подобро и ќе бидеме многу посигурни во себе и во оние нешта кои ги правиме.“

Уште еден голем ум, Норман Винсент Пил, вели:

„Доколку размислувате негативно и вашите резултати ќе бидат негативни. Доколку размислувате позитивно, вие ќе постигнете позитивни резултати.“

Личноста која размислува за конкретна и вредна цел, порано или подоцна истата ќе ја оствари затоа што активно размислува за неа. Од друга страна пак, личностите без јасна цел, чии мисли се конфузни на таа тема, како и оние кои живеат под стрес и во секојдневен страв и грижи, со тоа само ќе си создадат живот исполнет со фрустрации, стравови, стрес и грижи. А ако не размислувате за ништо, тогаш ништо нема ни да постигнете. Како што вели една стара изрека:

„Сите го жнееме тоа што сме ги посеале.“

Нашиот ум е способен да ја направи секоја задача која ќе му ја зададеме, но во пракса, наместо да го користиме за големи нешта и за постигнување животни цели, ние го користиме за мали и безначајни работи кои единствено можеби им помагаат на други луѓе да си ги остварат своите цели. Токму затоа одлучете веднаш, што е тоа што го сакате? Запишете го на лист хартија и обидете се да ги запомните сите детали. Тоа ќе биде најголемата и најважната одлука која сте ја донеле во вашиот живот. Без разлика дали сакате да успеете во одредена работа, да напредувате во вашата кариера или друштво, да се збогатите или да постигнете светска слава, вие сè што треба да направите е да си ја всадите оваа цел во вашиот ум и добро да се грижите за неа за да не овене. Бидете истрајни и работите упорно во правецот на нејзиното остварување и кога тогаш, таа ќе се оствари. Таа ќе стане вашата реалност.

За крај, кога ќе размислувате за оваа цел, правете го тоа во позитивна смисла и опуштено. Замислете во вашата глава дека веќе сте ја посигнале и обидете се да се доживеете себеси како ги правите сите оние нешта кои воделе до нејзиното остварување. Сè што ви е потребно е трпение и потсетување колку многу сакате таа да стане реалност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Irena Reply

    Објавите на оваа авторка за мене се оние кои се најквалитетни на сајтов! ОДЛИЧНО ДЕВОЈКО!!

    • Моника Трајковска Reply

      Благодарам, ова премногу ми значи! 🙂

Остави коментар