Тајната за совршен маникир: Како лакот да го нанесете на ноктите, но не и на прстите?

Тајната за совршен маникир: Како лакот да го нанесете на ноктите, но не и на прстите?

Лакирањето на ноктите дома е ефективен и економичен избор за добар маникир, но повеќето луѓе имаат потешкотии при ваквата практика. Особено кога се трудат лакот да остане само на ноктот, а не и околу него. За среќа, постои докажан и проверен начин да се избегне ваквиот неред.

1. Нанесете вазелин околу ноктот

1-tajnata-za-sovrshen-manikir-kako-lakot-da-go-nanesete-na-noktite-no-ne-i-na-prstite-kafepauza.mk

Земете чепкалка за уши и премачкајте го делот околу ноктите и кутикулите со вазелин, пред да преминете на лакирање на ноктите. Само погрижете се вазелинот да не го ставате на самиот нокт, бидејќи така нема да може да го нанесете посакуваниот лак за нокти. Ако се случи тоа, земете друга чепкалка и исчистете ја површината на ноктот со алкохол.

2. Нанесете го лакот за нокти

2-tajnata-za-sovrshen-manikir-kako-lakot-da-go-nanesete-na-noktite-no-ne-i-na-prstite-kafepauza.mk

Нежно и внимателно нанесете го посакуваниот лак за нокти. Се препорачува тоа да го правите во два тенки слоја, бидејќи така не само што побрзо ќе се исуши лакот, туку и ќе добиете поефикасен и почист финален изглед.

3. Избришете го остатокот од вазелинот

3-tajnata-za-sovrshen-manikir-kako-lakot-da-go-nanesete-na-noktite-no-ne-i-na-prstite-kafepauza.mk

Откако лакот целосно ќе се исуши, избришете го вазелинот околу ноктите или измијте ги рацете – лакот којшто по грешка сте го нанеле на кутикулите или на кожата веднаш ќе испадне.

Совршен маникир во секое време – што повеќе би можеле да побарате?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар