Тајната за беспрекорниот изглед на Моника Белучи: 7-дневна диета и режим на вежбање

Тајната за беспрекорниот изглед на Моника Белучи: 7-дневна диета и режим на вежбање

Филмската дива Моника Белучи која е мајка на две ќеркички и понатаму го воодушевува светот со својата убавина. „Јас сум како зрела круша, преубаво зрела. Многу слатка и сочна“, изјави Италијанката која кон вежбањето има однос во кој се мешаат љубовта и одбојноста. Себеси не се смета за дебела, ниту слаба, па затоа најверојатно никој нема да ја види оваа 173 сантиметри висока и 58 килограми тешка актерка на лентата за трчање.

„Невозможно е да го ускладам одењето во теретана со мојот начин на живот. Да се разбудам во 5 наутро за да започнам да вежбам во 6? Не доаѓа предвид! Наместо напорното вежбање во теретана, ја често облекувам црно. Многу е попрактично и позабавно“, изјави убавата актерка.

1-tajnata-za-izgledot-na-monika-beluchi-sedumdnevnata-dieta-i-rezhimot-na-vezhbanje-na-italijanskata-ubavica-www.kafepauza.mk_

Режимот за вежбање на Моника е умерен и лежерен, а вклучува пливање, трчање и јога. 4 пати неделно плива по 45 минути и уверена е дека тоа е најдобриот начин за да остане во одлична форма. Привремено се занимава и со кикбокс и капуера (африканско-бразилска боречка вештина) под влијание на својот бивш сопруг, големиот вљубеник во спортот, францускиот актер Винсент Касела.

„Јас сум како морско куче. Секогаш сум во движење, морам да бидам за да живеам. Сепак, понекогаш, за свое добро, жената мора да пронајде начин да мирува и да биде мрзлива. Всушност, би рекла дека сум половина морско куче, а половина Медитеранка.“

Италијанската убавица сигурно не е една од оние актерки кои се изгладнуваат. Ако е потребно за одредена улога да изгуби некој килограм, јаде месо, риба и зеленчук и многу брзо ослабува. Но, помило ѝ е кога ќе ѝ се укаже улога за која мора да се здебели.

2-tajnata-za-izgledot-na-monika-beluchi-sedumdnevnata-dieta-i-rezhimot-na-vezhbanje-na-italijanskata-ubavica-www.kafepauza.mk_

Што се однесува до љубовта кон храната, таа е вистинска Италијанка: Јаде сѐ, но најмногу ја сака италијанската кујна. Најомилено јадење ѝ се тестенини со пармезан. Нејзиниот план за исхрана е одреден со големината на порциите, а не со видовите на производи. Овој план ѝ овозможува да јаде сѐ што ќе посака, под услов да ја контролира големината на порциите.

МЕНИ ЗА 7 ДЕНА

Ова диета е единствена во својата разновидност. Покрај тоа, не морате да барате егзотична храна и да подготвувате комплицирани јадења.

Ден 1

Појадок: 150 милилитри природен и незасладен јогурт со парчиња јаболка.

Ручек: 200 грама квалитетно говедско месо, 200 грама салата од зелен зеленчук со 1 лажичка маслиново масло, парче пченкарен леб.

Вечера: Шака свежи бобинки, 150 грама варен ориз со една лажичка маслиново масло и 50 грама рендано биено сирење, 150 грама салата од зеленчук и кој било вид овошје.

Ден 2

Појадок: 1 шолја кафе без шеќер, тост и лажичка бобинки или овошен џем.

Ручек: Омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквички и парче интегрален леб.

Вечера: 150 грама варено посно месо и салата.

Ден 3

Појадок: 1 шолја зелен чај со лимон, тост намачкан со мед, грејпфрут.

Ручек: 200 грама варен или печен компир со магданос или мирудија, 100 грама сирење со ниска содржина на масти.

Вечера: 170 грама шпагети со маслиново масло и домати, кое било овошје.

4-tajnata-za-izgledot-na-monika-beluchi-sedumdnevnata-dieta-i-rezhimot-na-vezhbanje-na-italijanskata-ubavica-www.kafepauza.mk_

Ден 4

Појадок: Природно незасладен и ниско масен јогурт со 2 лажички мед, 40 грама сирење.

Ручек: 100 грама варен ориз, 100 грама варени тиквички, 100 грама варено говедско месо.

Вечера: Шака од кое било овошје, 200 грама варена посна риба, салата од зеленчук со маслиново масло, парче леб.

Ден 5

Појадок: 230 милилитри свежо исцеден сок, два солени крекери.

Ручек: 100 грама шпагети, салата од свеж зеленчук со маслиново масло, портокал или грозје.

Вечера: 250 грама салата од зеленчук со варен грав, кое било овошје.

За преостанатите денови за исхрана повторете некој претходен ден од менито.

Не очекувајте од оваа диета шокантни резултати. За една недела со ваква исхрана, ќе ослабете од 2 до 3 килограми. Но, ќе се чувствувате одлично и нема да му наштети на вашето тело. Диетата на познатата актерка е добра, бидејќи содржи доволна количина овошје и зеленчук кои се богати со витамини, минерали и влакна. Ваквата исхрана помага да се нормализира работата на цревата, да се исчисти телото од токсините и да се регулираат метаболичните процеси. Со оглед на тоа дека медот се користи во диетата, нема постојано да чувствувате потреба за слатки. Сите јадења се приготвуваат доста едноставно, па е совршена доколку имате малку слободно време.

Кога зборуваме за недостатоците на оваа диета, мора да нагласиме дека таа вклучува многу малку протеини. Овен тоа, големиот број растителна храна го активира процесот на ферментација, што може да доведе до нарушувања во дигестивниот систем. Долгите интервали помеѓу оброците може да предизвикаат постојано чувство на глад. За да се изборите со тоа, можете да испиете 1 чаша топла вода секојпат кога ќе почувствувате потреба за храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар