Тајната порака којашто се крие зад овие 9 негативни емоции
Секој човек тежнее да биде здрав, среќен, успешен и исполнет на сите полиња од животот. Но, за жал, животот не е баш розов, туку е црно-бел, а тоа значи дека со подемите и падовите коишто ни се случуваат, сосема е нормално да чувствуваме и позитивни и негативни емоции. Впрочем, животот може единствено да биде комплетен и прекрасен, само доколку знаеме да ги препознаеме и цениме и убавите и лошите моменти, да учиме од нив и постојано да растеме и да одиме напред.
Токму негативните искуства и емоциите придружени од нив, нè учат подобро да се запознаеме себеси, да сфатиме кон што се стремиме во животот, како да ги надминеме бурите и да го очекуваме новото изгревање на Сонцето.
Продолжете да читате и откријте ја тајната порака на овие 9 негативни емоции и што тие се обидуваат да ве научат за вашата моментална психолошка состојба. Наместо да ги мразите тие чувства и да им се спротивставувате, прифатете ги и дознајте на што сакаат да ви укажат.
1. Горчина
Оваа емоција ви покажува дека морате да закрепнете од нешто и дека сè уште имате некакви предрасуди за другите луѓе и за себе.
2. Лутина
Оваа емоција покажува дека сè уште живеете во минатото и не ѝ дозволувате на сегашноста да биде она што треба да биде.
3. Неспокој
Ова чувство ви покажува дека треба да обрнете внимание на она што ви се случува во моментот, бидејќи дадена ви е шанса за промена, да направите нешто различно од она што вообичаено го правите.
4. Гнев
Гневот ви кажува за што сте страсни, каде се вашите граници и што сметате дека е неопходно да се промени во овој свет.
5. Разочарување
Чувството на разочараност, ви покажува дека сте се обиделе да промените нешто без да постигнете успех. Сè уште не сте рамнодушни за тоа и многу ви е важно.
6. Вина
Оваа емоција покажува дека сè уште живеете според очекувањата на другите и тоа што тие сметаат дека треба или не треба да го направите.
7. Срам
Чувството на срам ви покажува дека го присвојувате мислењето на другите луѓе, за тоа какви треба да бидете (или какви сте моментално). Воедно, оваа емоција се обидува да ви укаже дека одново треба да се поврзете со самите себе.
8. Анксиозност
Оваа комплексна состојба, се обидува да ви укаже дека треба веднаш да се пробудите, да бидете присутни во сегашниот миг, да се „одглавите“ од минатото и да престанете да се плашите од она што го носи иднината.
9. Тага
Тагата ја опишува длабочината на вашата емотивност и покажува дека многу се грижите за другите луѓе и за светот околу вас.
Прочитајте и како да научите да ги сакате и вашите негативни емоции?