Тајната на овошјето и зеленчукот: Искористете ги паметно за да постигнете секси изглед

Тајната на овошјето и зеленчукот: Искористете ги паметно за да постигнете секси изглед

Освен тоа што се вкусни, вашето омилено овошје и зеленчук, можат да ви помогнат да постигнете секси изглед во ова топло лето.

1-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_

1. Јагоди за затегната кожа

Ова црвено овошје е полно со витамин Ц, кој е важен за производството на колaген, кој пак ѝ помага на нашата кожа да биде цврста и затегната. Нашето тело не може само да го произведе овој витамин и затоа е многу важно редовно да го внесуваме преку храната.

Како храна

Јагодите најдобро би било да ги јадете свежи и цели, а не исечкани, бидејќи ако подолго време е изложен на воздух витаминот Ц ја губи својата јачина. Може да направите и смуди со мраз ако сакате да се разладите во овие топли денови.

Како нега

Кога сте дома и имате слободно време, искористете ги јагодите за да направите бјути третман кој ќе ви ги намали порите на кожата и ќе ги осветли дамките кои ви се појавиле од сонцето. Изгмечете ги јагодите и додајте во смесата лажичка лимонов сок и пола чаша јогурт. Оставете ја смесата да се излади во фрижидер, а потоа нанесете ја на лицето и вратот. Држете ја маската на вас околу половина час, а потоа измијте ја.

2-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_

2. Праски за кадифена кожа

Витаминот А, со кој се богати праските, ја поттикнува регенерацијата на ќелиите и на тој начин ѝ помага на кожата да изгледа здраво и свежо. Исто така може да ја намали штетата на кожата која произлегла од преголемото изложување на сонце.

Како храна

Една до две праски дневно ќе ви бидат доволни за да го внесете потребното количество на витамин А. Избирајте ги позрелите праски со црвена кора. Може да направите овошна салата или да ги додадете во сладолед од ванила.

Како нега

Со помош на праските може да направите пилинг кој ќе ви ги отстрани мртвите клетки од кожата и ќе ја нахрани. Изгмечете две праски и додадете лажичка маслиново масло и кафеав шеќер. Истријте ја кожата неколку минути, па оставете ја малку да постои. Потоа измијте ја со млака вода.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

3. Домати против акни

Ликопенот кој се наоѓа во доматите помага во спречување и намалување на воспалението на кожата и на тој начин во голема мера влијае на појавата на акни и на запушените пори. Додавањето на овој плод во секојдневната исхрана ќе ви помогне да добиете поубава кожа.

Како храна

Како и секое друго овошје и зеленчук, и доматот може да го јадете зготвен или пак свеж. Ако се одлучите за свеж, измијте го добро, исечкајте го на парчиња, прелијте го со маслиново масло и додадете малку свеж босилек. Доколку сакате да го додадете во јадењето, ситно исечкајте го на парчиња, кратко пропржете го на маслиново масло и додадете лук. Ќе добиете вкусен сос за шпагети.

Како нега

Исечкајте го доматот на тенки кругови и наредете ги на лицето. Оставете ги 15 минути додека кожата не го впие сокот од нив. Потоа исечете уште еден домат на половина, па истријте ја кожата со кружни движења. Измијте со топла вода. На овој начин ќе ги отпушите порите и ќе ја спречите можноста за создавање на акни и митесери.

4-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_

4. Боровинки за сјај

Витаминот Е кој се наоѓа во ова овошје ѝ помага на кожата да се брани од надворешните влијанија и ѝ овозможува таа секогаш да биде хидрирана. Иако ни се чини дека во летниот период внесуваме доволно вода, зголеменото потење влијае на нејзиното губење и затоа нашата кожа често изгледа изморено и дехидрирано. Затоа е потребно да го внесуваме витаминот Е кој на нашата кожа ќе ѝ ја обезбеди потребната влажност.

Како храна

Само една рака боровинки, покрај веќе спомнатиот витамин Е, содржи бројни антиоксиданси. Измешајте ги со јогурт и овесни снегулки и ќе добиете прекрасен здрав оброк.

Како нега

Маската од боровинки може да ја направите сами и доволно е да ја практикувате само еднаш неделно за да ја хидрирате кожата. Во блендер ставете една рака боровинки, сок од еден лимон, рака исечкани бадеми, лажичка полномасен јогурт и лажичка мед. Мешајте сè додека не добиете изедначена смеса и оставете ја малку во фрижидер за да се стегне. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и врат и оставете ја 20 минути. После тоа измасирајте ја кожата, за да направете благ пилинг, па потоа измијте ја.

5-tajnata-na-ovoshjeto-i-zelenchukot-iskoristete-gi-pametno-za-da-postignete-seksi-izgled-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар