Тајната формула за успех

Тајната формула за успех

Која е тајната формула за успех? Ја има некој некаде запишано или можеби како напивка ја има ставено во шишенце? Па да ни биде загарантирано, замисли си желба, испиј ја течноста од ова шишенце и автоматски ќе стигнеш до посакуваната цел. Колку убаво, нели?!

Замислете секој да можеше да си ја оствари својата желба, ќе беше вистински хаос, секој без ни малку труд ќе го добиваше она што ќе го посака. Воопшто немаше да се цени она што е добро, упорноста и амбициите ќе исчезнеа како карактеристики на еден човек… И што ќе беше после со светот? Секој човек не е роден со исти можности, но тоа што не сте родени како идни кралеви, не значи дека немате можност да станете некој и нешто.Тајната формула за успехКако што јас си ги сфаќам работите, предност е доколку мораш сам да се избориш за место и позиција, сам да си дојдеш до твојот успех, за еден ден да речеш „Го постигнав ова зошто вредам!“ Животот каде сè ти е дадено на послужавник не е живот! Кога не си во можност да почувствуваш тага, неуспех, пораз, солзи и разочарување, како ќе знаеш вистински да ги цениш успесите и насмевките? Луѓето кои се презадоволни на многу полиња во животот, едноставно се за жалење. Да не знаеш да го цениш она што го имаш, е исто како да не знаеш да уживаш во истото.

Сите луѓе се раѓаат и умираат. Но ретки се оние кои вистински знаат да живеат. Не се мери среќата со тоа каде си бил, туку колку квалитетно си го поминал твоето време. Нема тајна формула за успех и за среќен живот, но кога подобро ќе размислам, и да има не ја сакам. Нашите падови и успеси нè прават луѓе.

Луѓето често знаат да ја обвинат судбината, дури и оние кои не знаат што точно значи зборот „судбина“. Не може така да ти било пишано, единствената логична опција е дека не си се потрудил доволно. Дури и да верувам во судбина, верувам дека ме носи до одреден пат, а што ќе направам понатаму зависи од мене. Ова е наш живот, наши избори, наши одлуки. Некој ќе одбере да мрчи, да ја обвинува судбината и константно да доживува неуспех или лажен успех, друг ќе одбере да знае како да се носи со поразите и да ги претвора во успеси.

Постојат работи врз кои не можеме да влијаеме, несреќи кои се случуваат без да можеме да направиме нешто, услови во кои живееме а не сме ги избрале ние самите. Затоа да влијаеме дупло повеќе онаму каде што можеме. Работите во светот се поврзани, сè е поврзано, сè доаѓа со заслуга и со причина. Колку порано го сфатиме тоа, толку полесно ќе ни биде. Само треба да знаеме да се стрпиме додека нештата се свртат во наша полза. Никогаш не сум ги обвинувала луѓето кои не успеале, но никогаш не ќе можам да ги разберам оние кои не се потрудиле доволно.

Некој ќе помисли дека темите на кои размислувам се плитки и површни, дека сум безнадежен оптимист и дека на моиве години ја немам искусено горчливата страна на животот… Многумина и ми го рекле ова и сè што можам да направам е остро да се спротивставам! Мојот живот за некого може навидум да изгледа совршен бидејќи имам магистрирано за тоа како да ја преувеличувам среќата и да ставам акцент на доброто. Зошто врз целата бела површина ние се концентрираме на една црна точка? Па не сакам веќе да читам текстови каде млади луѓе запаѓаат во тешки депресии, подобро напиши „Сè е за никаде!“ и заштеди си зборови. Убаво ми е кога ќе прочитам нешто што ме тера да станам, да излезам на сонце, да вдишам свеж воздух, нешто што ме мотивира за повеќе, за понапред… Сакам моите врсници да ја почувствуваат моќта која ја имаат, сакам сите ние да научиме да се концентрираме на доброто и убавото, да се трудиме секое наше дело да биде видено, секој момент од животот да се важи!

Тајната формула за успех е да престанеме да трагаме по неа и да почнеме да дејствуваме кон остварување на нашите цели.

Она што денеска е моја цел, е да имам навистина убав ден, а од утре целиме на повисоко…

Наздравје кафе, и се надевам дека си го испивте на раат,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Filip Reply

    Preubavo napishano! Se pronajdov vo tekstot, sekako.

  2. Marka Reply

    Ete taka…. komplimenti

Остави коментар