Таблети, компјутери и мобилни телефони: Како технологијата влијае врз вашата убавина?

Таблети, компјутери и мобилни телефони: Како технологијата влијае врз вашата убавина?

Доколку спаѓате во оние 50% кои попрво би се откажале од сексот отколку од својот мобилен телефон, тогаш уште веднаш ви соопштуваме дека последиците врз вашата убавина и здравје од постојаната употреба на технологија се огромни.

0-tableti-kompjuteri-i-mobilni-telefoni-kako-tehnologija-vlijae-vrz-vashata-ubavina-kafepauza.mk

Овие уреди, во кои спаѓаат мобилните телефони, компјутерите, таблетите и сличните гаџети можат да ја нарушат вашата убавина, без да бидете свесни. Акни, недоволен сон, испукани нокти, сува коса… – ова се само неколку од проблемите кои ги предизвикува модерната технологија. Во продолжение ви претставуваме неколку решенија на овие лоши влијанија кои настануваат поради прекумерна употреба на модерна технологија.

1. Екранот како огледало

Доколку поминувате многу време пред екранот од компјутерот ви се чини дека тоа станало вашето второ „јас“ или пак ваше огледало. Всушност дури ни пред него не поминувате толку многу време колку што поминувате пред компјутер. Ова може да доведе до оштетување на видот и подгрбавеност.

Решение: Задолжително прилагодете го екранот во висина на очите, така што кога ќе седите пред компјутер да бидете во исправена положба. Додека седите, правете мали вежби за истегнување на `рбетот и задолжително истегнувајте го вратот со кружни движења на главата. Правете го ова додека ви е убаво и пријатно.

2. „Гнасни разговори“

Истражувањата покажуваат дека 93% од тестираните мобилни телефони содржат бактерии на себе. Мобилните телефони ги држиме во близина на нашите образи и линијата на брадата – најзастапеното место каде се јавуваат акни, а ова дефинитивно ја влошува состојбата.

Решение: За да ги спречите бактериите, секојдневно чистете го телефонот со алкохол или тоник.

3. Екран на допир

Екраните на допир се многу практични за сурфање на Интернет, но дали некогаш сте помислиле колку пати дневно фаќате квака, притискате копче за лифт, а потоа го допирате својот уред….

Решение: Фактички и немаме некое специфично решение освен да ве советуваме помалку да го допирате вашиот телефон или таблет и почесто да ги миете рацете.

4. Сурфање во кревет

Сигурно пред да си легнете гледате што има на социјалните мрежи. Токму таа силна светлина која директно продира до вашето лице испраќа мозочни сигнали дека не мора да се создава мелатонин – хормонот кој го контролира сонот – затоа што тој вообичаено се активира во темнина. Недостатокот на сон води до прекумерно лачење адреналин што може да има негативно влијание на вашата кожа.

Решение: Не носете никакви блескави уреди во спалната соба, но ако не можете да се контролирате, симнете мобилна апликација која автоматски ја намалува светлината на екранот кога е време за спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар