Светкав стробинг: Актуелен празничен мејкап тренд за крајот на оваа година!

Светкав стробинг: Актуелен празничен мејкап тренд за крајот на оваа година!

Најнапред би требало да го разјасниме самиот поим светкав стробинг. Можеби веќе знаете, можеби и не, но стробинг е техника на нанесување хајлајтер кој подразбира истакнување на клучните точки на лицето со дискретен сјај со кој вашата кожа добива неверојатна свежина и блескавост. Хајлајтерот се нанесува на јаболкниците, под веѓите, и сосема малку на брадата и горниот дел од устата. Секако, јаболкниците се клучни за постигнување на тој посакуван ефект. Кога оваа техника ќе се спои со светките кои во случајот на празниците и дочекот на Новата година се во голема мера дозволени, добиваме занимлив празничен бјути тренд кој моментално се наоѓа високо на листата на „задолжителни“ трендови. Еве како светкавиот стробинг би изгледал во пракса.

1-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_

1. Јаболкници

На самиот врв на јаболкниците нанесувате хајлајтер, но и малку повеќе светки за уште посјаен ефект. Бидејќи станува збор за јаболкниците, наш совет е да изберете светки кои се во неутрална боја, а класичниот сребреникав сјај е секогаш добар избор. Нема да се забележува, а вашето лице секако ќе изгледа поблескаво, посвежо и поубаво.

2-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_ 3-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_

2. Очи

Оваа техника на шминкање може да ја примените и на очите, а во овој случај слободно изберете светки во впечатливи бои. На пример, во сина. Немојте да ги нанесувате преку целиот капак, туку нанесете ги само во аголот на окото и веднаш под веѓите, како по правилото за стробинг. Со оглед на тоа дека ваквата шминка е впечатлива, додајте само уште малку маскара и тоа е тоа.

4-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_ 5-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_ 6-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_

3. Усни

И усните можете да ги истакнете со сјај, но како и во случајот со јаболкниците, со оние дискретни, скоро незабележливи светки. Нанесете кармин во посакуваната боја, а потоа нанесете и малку сјај на центарот на долната усна за визуелен впечаток на полни усни и малку сјај над горната усна и на врвот на носот. Најважно е добро да го „измешате“ хајлајтерот за да се стопи со кожата и да создаде природен сјај.

10-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар