Суво четкање: петминутен метод кој ја намалува видливоста на целулитот за само три недели
Без разлика дали сакате да блеснете овие празници во малку пократко здолниште или во тесни панталони без страв дека ќе ви се наѕира „кората од портокал“, овој метод ќе ве спаси во последен момент.
Сувото четкање на кожата може да се сретне како метод во многу салони за убавина како еден вид антицелулитна масажа што ја прави вашата кожа сјајна и мазна. Но, овој метод може лесно да го примените и во домашни услови.
Од оваа техника, која со векови се користи во Русија, Турција и Скандинавија, има многу здравствени придобивки, од зајакнување на имунолошкиот систем до детоксикација на организмот.
За сувото четкање на кожата ви треба само четка со природни влакна и третирање на кожата околу 5 до 10 минути на ден за да ги видите првите резултати по само неколку дена.
Преку четкање на кожата:
- Ги отстранувате мртвите клетки
- Стимулирате побрз раст на нови клетки, кои се одговорни за цврстината и еластичноста на вашата кожа
- Преку стимулирање на циркулацијата и масажата, ги разложувате и масните наслаги под кожата, а со тоа ја намалувате видливоста на целулитот.
За целосно да ги елиминирате токсините од вашето тело и да го намалите целулитот, треба да ја четкате кожата секој ден најмалку три недели. Сувото четкање на кожата најдобро е да го направите непосредно пред да се истуширате, а за уште подобри резултати по третманот, наизменично туширајте се со топла и ладна вода.
Како да ја примените техниката суво четкање?
Користете четка со природни влакна за да ја четкате кожата со долги, рамни движења почнувајќи од стапалата, по нозете нагоре, потоа низ рацете, од дланките до рамената. Четкајте го грбот од горе надолу и стомакот од долниот дел, нагоре.
Ваквото четкање ќе ги насочи лимфите кон срцето, затоа не четкајте се во спротивна насока затоа што така ќе ги насочите лимфите подалеку од срцето, што може да предизвика дополнително напрегање на вените и лимфните јазли. Може, исто така, да го четкате лицето, но тогаш користете помала и понежна четка.
Можеби сакате да дознаете и дали консумирате здрава храна во погрешно време?