Претходно
Сутлијаш со рум и портокал
Направете го сутлијашот поинтересен
Потребни состојки за 4-6 порции:
- 1250 мл млеко
- 120 грама ориз
- едно стапче ванила
- 100 грама шеќер
- 2 лажички рум
- 1 лажичка рендана кора од портокал
- парчиња портокал
Начин на подготовка:
Во сад на оган ставете ги млекото, оризот и ванилата и оставете ги додека млекото не почне да врие. Потоа намалете ја температурата на среден оган и гответе околу 25 минути додека омекне оризот. Додајте ги шеќерот, румот и кората од портокал и гответе така уште 5-10 минути додека смесата убаво не се згусне. Поделете го сутлијашот во чинии и оставете ги во фрижидер неколку часа за да се изладат. Сервирајте ги со парчиња портокал.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.