Супер совети за губење калории

Супер совети за губење калории

Ова се неколку совети од експерти за здраво и безбедно слабеење, кои треба да ги послушате за да успеете постепено да ја намалувате својата тежина. Најпрво, секој човек кој сака да слабее треба да знае дека не е препорачливо да држи диета без претходно да се консултира со лекар, а особено доколку диетата исклучува цела категорија намирници. Секој што е спремен да слабее мора да се помири со фактот дека само промена на животот, а со тоа и на исхраната, е единствениот здрав начин да се изгубат килограмите.

Супер совети за губење калории

Доколку заштедувате по 150 калории во текот на денот, за една година ќе изгубите 8 килограми без многу труд. Ова се советите од неколку експерти на оваа тема.

Ким Лајонс, фитнес тренер и водителка на емисија за фитнес на американската телевизија NBC:

1. Работете во дворот. Половина час дневно копајте, садете цвеќиња и чистете ја тревата.
2. Седете на подот и истегнувајте се додека гледате телевизија. Покрај тоа што ќе губите килограми ќе бидете и попргави.
3. Избегнувајте го мајонезот.
4. Јадете пченкарен леб и избегнувајте го белото брашно.
5. Одбегнувајте сода и газирани пијалаци. Пијте вода и незасладени чаеви.

Џоан Блејк, нутриционист и професор на Универзитетот Бостон:

1. Јадете тестенини со зеленчук. Притоа, кога ги приготвувате ставете повеќе зеленчук, а помалку тестенини.
2. Додека зборувате на телефон, движете се, не лежете на каучот.
3. Одберете пуканки наместо чипс.
4. Избегнувајте макијато и кремести кафиња со преливи. Подобро одберете капучино со безмасно млеко.
5. За појадок подобро изедете еден мафин или парче пита отколку лиснато тесто.

Шаила Сајн, доктор во „Family Medicine Clinic“ во Висконсин:

1. Прескокнете ги десертите доцна навечер. Наместо тоа засладете се со јагоди.
2. Танцувајте по дома. Барем половина час.
3. Наместо помфрит, секогаш подготвувајте го компирот во рерна или варете го.
4. Чистете по дома. Барем половина час.
5. Јадете кафеав шеќер и интегрален ориз, наместо бел ориз и обичен шеќер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар