Судир со минатото: Што да правите ако налетате на вашиот бивш партнер?
Романтичните врски се прекрасни – полни со љубов, убави моменти, почит и разбирање, но некогаш тие не успеваат и сѐ што останува е пепелта од таа изгорена врска – тоа и бивш партнер кој, голема е веројатноста, дека не сакате да го видите. Факт е дека не можете вечно да го избегнувате и дека некогаш ќе мора да се соочите со минатото. Затоа пронајдовме совети кои ќе ви помогнат да ја пребродите оваа непријатна ситуација. И не, секако дека бегањето и криењето не се опции.
1. Искористете ја предната камера на телефонот за да бидете сигурни дека немате остатоци од храна заглавени помеѓу забите.
2. Немате шминка? Употребете го карминот како руменило. Ако немате, само штипнете ги образите и гризете ги усните. Тоа ќе ви даде природен и свеж изглед.
3. Ако косата ви е спласната, поминете до женскиот тоалет во најблискиот ресторан, кафуле или бар така што ќе ѝ дадете волумен со помош на машината за сушење раце. Не претерувајте, доволно е само да ја поткренете – колку да изгледате убаво.
4. Во вакви моменти ќе сфатите дека парфемите во пакување за патување се неопходен елемент во женската чанта. Мирисот е опоен и навраќа спомени. Не дека ви е грижа што тој мисли, но знаете дека тој парфем има моќ да наврати некои позитивни емоции.
5. Во ера на социјални мрежи, воздржете да се да го прашате за неговиот одмор во Грција – за кој дознавте преку демнење на Фејсбук и Инстаграм. Истото важи и за сите останати нешта што сте ги дознале од социјалните мрежи.
6. Пробајте да не се фалите премногу – особено за вашето момче. Може само да го спомнете и тоа да предизвика лавина од љубоморни реакции.
7. Ако сте сингл, одвлечете го вниманието од вашиот романтичен статус така што ќе го спомнете унапредувањето, прекрасниот одмор или часовите по параглајдерство. Животот е возбудлив и сигурно едвај сте забележале дека тој не е тука. Барем направете да изгледа така.
8. Ако вашиот бивш партнер е со неговата девојка или жена, бидете љубезни и пофалете ги нејзините обувки или чанта, дури и ако никогаш во животот не би ги носеле. Чувајте ги пријателите блиску – непријателите поблиску.
9. Секогаш имајте план Б и бидете први што ќе заминат – би сакале да останете и да се муабетите, но ве чека отворање на новата галерија, распродаден концерт или средба со планерот на вашата венчавка.
10. Останете смирени и никако, повторуваме НИКАКО не ги употребувајте зборовите: „Треба да се видиме некогаш“. Затоа што не, не треба.