Строго забрането: 5 реченици кои не смеете да им ги кажете на вашите родители
Кога родителите ќе остарат, им треба помош од нивните деца, а воопшто не треба да се нагласува дека тие сосема ја заслужуваат таа помош. Сепак, многу често го забораваме тоа, немаме трпение и разбирање за нивните потреби, па знаеме да кажеме груби зборови кои не ги мислиме, но кои можат многу да повредат. Следниве 5 реченици никогаш не би требало да им ги кажувате на вашите родители, бидејќи можат да ви ја нарушат комуникацијата и односот…
1. „Како можеше да го заборавиш тоа?“
Без оглед на тоа дали сте разговарале со татко ви дека треба да го однесе автомобилот на поправка, тој може и да заборави на тоа. Постарите луѓе честопати имаат краткотрајно памтење и забораваат каде ги оставиле очилата, клучевите или што требале да направат.
Наместо тоа, кажете: „Еве потсетник кој ќе те потсети дека ако автомобилот не биде поправен на време, би можел да сносиш посериозни последици.“
Напишете на парчиња хартија што треба да се заврши и залепете ги на неколку видливи места како што е фрижидерот, огледалото во тоалет и слично. Додајте и едно „смајли“ за да му дадете поведар тон на потсетникот. Ако и понатаму мислите дека родителот би можел да заборави, вие договорете се со автомеханичарот и јавете им се на родителите на денот на поправката за да ги потсетите.
2. „ Би можел/а да го направиш тоа ако навистина се потрудиш“
Колку е тешко да се промени сијалица? Ако ви се тресат рацете или не можете да ја дофатите полицата на која стојат сијалиците, оваа секојдневна задача знае да биде многу тешка. Постарите луѓе имаат здравствени проблеми што можат да им ги отежнат и наједноставните работи како што е облекувањето чевли.
Наместо тоа, кажете: „Заедно ќе го направиме тоа.“
Ако живеете многу далеку од родителите најдете некој што би можел да им помогне. Постарите луѓе, исто како и вие, сакаат да ја задржат нивната независност. Но, ако навистина им е тешко да направат нешто и не знаат од кого да побараат помош, или не сакаат, можете вие да најдете некој да им помогне.
3. „Вчера ти покажав како се користи мобилниот телефон!“
За повозрасните луѓе, учењето нова технологија е многу напорно, а направите со еден куп копчиња и опции претставуваат посебен предизвик за секој кој има проблеми со видот.
Наместо тоа, кажете: „Ќе ти покажам повторно.“
Сетете дека и вие кога сте купиле нов мобилен не сте знаеле веднаш како функционира. Имајте трпение и бидете подготвени на тоа дека веројатно ќе треба неколку пати да им повторите на родителите како се користи телефонот. Можете да си ја олесните ситуацијата ако им набавите телефон со поедноставни функции.
4. „Каква врска има тоа со нашиот разговор?“
Во еден момент разговарате со мајка ви за здрава исхрана и одеднаш таа почнува да зборува за нешто сосема десетто. Разговорите со постари луѓе често скршнуваат од темата, бидејќи тие полесно губат концентрација или едноставно разговорот им е здодевен па сакаат да ја сменат темата.
Наместо тоа, кажете: „Ти зборував за здрава исхрана. Ми кажа дека ја обожаваш салатата што ја правам.“
Ако ви е важна темата на разговор, обидете се да се вратите на неа, без да ги прекорувате родителите поради тоа што ја смениле. За да не дојде до конфликт, објаснете зошто ви е важна таа тема. Другата опција е да не кажете ништо и само да слушате.
5. „Веќе ми го кажа тоа“
Вие никогаш не се повторувате? Сите понекогаш го повторуваме она што веќе сме го кажале, но кога станува збор за родителите, почесто губиме трпение.
Наместо тоа, кажете: „Да погодам што се случи потоа!“
Свртете ја ситуацијата на шега, ако тоа нема да ги навреди родителите. Во најдобар можен случај тоа ќе им биде забавно, ќе ја прифатат шегата и позитивно ќе реагираат на неа.
Во продолжение прочитајте ја оваа приказна која ќе ве потсети зошто е важно да бидете трпеливи кон вашите родители.