Стравови со кои мора да се соочите доколку сакате да успеете во животот

Стравови со кои мора да се соочите доколку сакате да успеете во животот

„Соочете се со своите стравови!“ е еден од најчестите совети кои ќе ги слушнете во животот. Но и покрај тоа што можеби не верувате, вие мора да знаете дека стравовите ве држат затворени во вашиот измислен свет. Свет во кој владеете самоуверено, без да бидете свесни дека може да се скрши со само една невозвратена насмевка или нов предизвик во секојдневието. Излезете од вашата удобна зона и спротивставете им се на демоните кои ги гушат животните страсти.

Стравови со кои мора да се соочите

1. Страв од неуспех

Сè додека се плашиме од пораз, никогаш нема да тргнеме во битка и ќе останеме таму каде што сме. За да успееме во што било во животот потребно е да го совладаме стравот од неуспех бидејќи тоа е буквално единствениот пат кон успехот. Затоа не плашете се да ризикувате, да погрешите или да залутате, бидејќи тоа е единствениот начин да научите и да тргнете напред.

2. Страв од промени

Многу луѓе се жалат на монотонијата во секојдневието, кажувајќи дека нивниот живот е празен, но кога ќе се најдат во ситуација да направат нешто ново, никогаш не се осмелуваат. Стравот од промени е синџир кој нè држи во заробеништво во светот кој одамна сме го надраснале, а се плашиме од него да излеземе на кој било начин.

3. Страв од губење на контролата

Многу луѓе мислат дека можат и мораат да ги контролираат сите аспекти од нивните животи. Поради тоа уверување, живеат во постојана напнатост да ги преземат сите можни акции за да ја задржат контролата на сѐ. Таквиот живот ќе се претвори во пекол кога ќе се најдат во бројни ситуации кога тоа не е возможно. Нема друг начин, освен да ги прифатат нештата кои не можат да ги променат такви какви што се.

4. Страв од болка

Стравот од патење е еден од најголемите стравови. Тој прави да одложуваме многу важни работи во животот, што на крај само го зголемува страдањето. Постојат страдања кои всушност претставуваат една етапа од животот кој нас нè подига на повисоко ниво. Доколку се плашиме од тие животни етапи, остануваме затворени во својот стар свет и никогаш не правиме ништо кое на нашиот живот му дава нов квалитет и убавина.

5. Страв од луѓе

Многу луѓе имаат страв од други луѓе. Поради тоа што не го познаваме другиот, во своите глави создаваме погрешна слика за него и се плашиме да му пријдеме, не знаејќи дека другите луѓе всушност се многу слични на нас. Поради овој страв подоцна ќе зажалите бидејќи сте изгубиле личност која толку многу сте сакале да биде во ваша близина и дека сѐ би било поинаку доколку не се плашевте да им пријдете на многу луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар