Стратешки планови: 9 лукави начини на кои жените избегнуваат да имаат секс со вас

Стратешки планови: 9 лукави начини на кои жените избегнуваат да имаат секс со вас

Можеби ќе ви дојде како изненадување, но не постои случајност во онаа ситуација каде што девојката за која сте биле заинтересирани и која „одеднаш“ морала да си оди дома и да ја нахрани мачката, притоа убивајќи ја вашата надеж да имате секс. Вистината е дека таа со стратешки план се извлекла од оваа ситуација. Па, доколку сакате да ги дознаете сите лукави начини на кои жените избегнуваат да имаат секс со вас, тогаш погледнете ги следниве мудро смислени изговори кои ќе ви помогнат подобро да го сфатите нивното однесување…

Стратешки планови: 9 лукави начини на кои жените избегнуваат да имаат секс со вас

1. Влакненца на нозете и интимните делови

Ова е можеби еден од најпопуларните и најдобро познатите тактики за немање секс. Избегнувањето на бричот или депилацијата може да им помогне лесно да ве премислат за односот и да ве натераат дури и вие да не го посакувате.

2. Носење бабински гаќички

Секси долната облека прави секоја жена да се почувствува како божица во креветот, но бабинските гаќички го имаат токму спротивниот ефект. Со нивна помош тие ќе се осигурат дека нивната облека оваа вечер ќе остане врз нив.

3. Лажен месечен циклус

Сексот за време на месечниот циклус од очигледни причини најчесто е недозволен. Токму затоа и може да послужи како совршен изговор да се застане во истиот момент пред првото парче облека да падне на подот.

4. Помош од пријателките

Девојките секогаш се заштитуваат една со друга. Токму затоа и тие никогаш не би ги оставиле своите пријателки да одат дома со момче кое само што го запознале. Особено доколку претходно испиле неколку чаши вино. Правилата се едноставни, дури и да им делува како да знаат што прават, тие во никој случај нема да ги пуштаат да одат дома со вас.

5. Клетвата на третото тркало

Кога сте во поголемо друштво, големи се шансите дека една од нејзините пријателки ќе каже дека ѝ е здодевно и дека сака веднаш да си оди дома. И секако, токму таа е превозот на вашата девојка. Вие колку и да се обидувате да ја премислите, сепак на крајот ќе излезе по нејзино.

6. Лажно момче

Вие таман сте помислиле дека имате шанса за секс со оваа девојка, кога одеднаш ѝ ѕвони телефонот. Таа ви вели дека е нејзиното момче и дека мора веднаш да се врати дома, но вистината е дека нејзината пријателка е на другата страна од телефонот, давајќи ѝ изговор да не си оди дома со вас.

7. Претерана уморност

По долга вечер помината во пиење, големи се шансите дека поканата за продолжување кон вашиот дом може да биде одбиена со едноставна изјава за уморност. Но дури и таа да се согласи, доколку почне да ве прашува за вашиот кревет или пак, ако заспие на патот кон вашиот дом, големи се шансите дека оваа вечер нема да добиете ништо.

8. Мачките имаат потреба од внимание

Кој вели дека дијамантите се најдобрите пријатели на жената? Во овие ситуации нема подобар пријател од мачките. Големи се шансите дека вие не би ја разубедувале да продолжи со вас доколку таа ви каже дека нејзиното маче е болно и дека треба во 1 часот по полноќ да се напие од својот лек.

9. Директна искреност

Во зависност од девојката, како и начинот на кој таа ве доживува, постојат шанси и директно да ви каже дека убаво си поминала оваа вечер со вас, но дека не планира оваа средба да заврши со секс. На овој начин нема измешани сигнали кои ќе ве тераат да се запрашате дали имате шанси со неа и веднаш можете да дознаете дали таа ќе биде само губење време за ова вечер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар