Страст, возбуда и слатка разделба: 5 типови летни љубовни авантури

Страст, возбуда и слатка разделба: 5 типови летни љубовни авантури

Море, сонце, коктели, плажа… Сето тоа во вас буди некое необично чувство на слобода, како да добивате крила и повеќе кислород во дробовите. Дали летната љубов секогаш завршува со крајот на летото? Би рекле дека тоа најмногу зависи од тоа што се случува помеѓу тие две личности. Секоја летна љубов е приказна за себе, но ајде да се обидеме да ги распределиме во овие 5 најчести „облици“.

1-strast-vozbuda-i-slatka-razdelba-5-tipovi-na-letni-ljubovni-avanturi

1. Како дојде, така и замина

Овој тип летна љубов всушност повеќе може да се нарече летна авантура, бидејќи во неа има сѐ освен љубов. Најчесто низата настани се случуваат на плажа или во текот на некое вечерно излегување кога започнува да се води лежерен разговор со пијалак. Еден пијалак, два пијалаци… Страстите се разгоруваат со брзината на светлината и продолжението завршува кај некој од нив, а можеби дури и на плажата. Тука сѐ престанува, бидејќи резултатот од вечерта и не мора да биде сјаен, што најчесто така завршува. Меѓутоа, ако вечерта била успешна, тогаш можеме да преминеме на следниот вид летна љубов.

2. Страсна љубов – авантура

Оваа љубов трае колку и самото летување. Доколку сте запознале некого во текот на првиот ден од летувањето и сте почувствувале сексуална енергија со висок напон и сте ја искористиле, тогаш постои голема можност дека после секое вечерно излегување да завршувате во прегратката на тој странец. Овие авантури повеќе го хранат телото отколку душата и секогаш ќе се сеќавате на неа.

3. Забранета летна љубов

Можеби некогаш сте чуле некоја приказна за тоа како момче и девојка биле на летување, а еден од нив го изневерил својот партнер. Како е тоа возможно? Па, изгледа дека и овие работи се случуваат. Најчесто доаѓа до случајно запознавање со некоја личност што води до кратка хемиска реакција која резултира со тајни состаноци во моментите кога вниманието на партнерот е на друго место. Овие состаноци се дополнително пострасни, бидејќи се забранети и секогаш брзи, кратки, но слатки.

2-strast-vozbuda-i-slatka-razdelba-5-tipovi-na-letni-ljubovni-avanturi

4. Приказна од 1.001 ноќ

Оваа љубов е ретка, но се случува дури и денес. Денес младите се пострасни од претходно, всушност повеќе го покажуваат тоа, така што ретки се оние кои разговараат и ги запознаваат своите сродни души. Оваа љубов се сведува на долги ноќни прошетки и приказни што ги зближуваат толку што честопати се случува да ги понесат дома со себе. Се продолжува со долги разговори по телефон, или како што е случајот денес, со целодневно допишување преку Интернет. Понекогаш искрата помеѓу нив е толку јака што се завршува со соединение и врска која е силна и стабилна. Ова е скоро изумрен вид љубов, така што кој ќе ја доживее треба да ја чува.

5. 2 во 1

Овој вид летна љубов знае да трае и за цел живот. Тие се запознаваат пред заоѓањето на сонцето на некој спонтан начин и почнуваат да чувствуваат два вида поврзаност. Ова е ретка комбинација на љубов и пријателство каде што двете личности доживуваат две целосно различни димензии на чувства. Она чувство кога сте со некого и не сакате никогаш да се разделите, чувство кога засекогаш би останале во неговата прегратка, е тоа е првата димензија на оваа љубов. Другото чувство е кога на крајот ќе се разделите и ќе имате толку силна потреба за пријателски разговор кој можете да го остварите само со таа личност и во тој момент заборавате на нежноста на прегратката, топлината на насмевката и сјајот во очите, па доволен ви е само разговор за до следната средба.

Еве кои знаци откриваат дали станува збор за летна авантура или почеток на љубовна врска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар