Стоматолозите откриваат: Кога е време детето да ја „фрли“ цуцлата?

Стоматолозите откриваат: Кога е време детето да ја „фрли“ цуцлата?

Стоматолозите сметаат дека детето не би требало да користи цуцла после својата трета година. Во спротивност, цуцањето може да доведе до деформација на вилицата.

Стоматолозите откриваат: Кога е време детето да ја „фрли“ цуцлата?

Според мислењето на некои стоматолози, на детето не му е потребна цуцла после петтата година. Од друга страна, некои стоматолози сметаат дека тенка и мека цуцла нема да направи штета на забите на детето. Доколку му ја одземете цуцлата на детето на строг начин, ризикувате тоа да почне да го шмука палецот, што пак лошо влијае на развојот на забите и вилицата.

Често се заборава дека цуцлите имаат уште една функција. Кога детето се соочува со стрес кој доаѓа од неговото опкружување, како болест, смрт или разделување, цуцлата може да му помогне да остане смирено.

Еве неколку совети за полесно одвикнување:

  1. Дозволувајте му на детето да ја користи цуцлата само пред спиење.
  2. Немојте нагло да му ја одземате цуцлата.
  3. Кажете му дека навечер доаѓа добрата вила која му остава подароци на секое дете кое ќе ја остави цуцлата.
  4. Обидете се да го убедите вашето дете да му ја подари цуцлата на друго, помало дете.

Во некои случаи, на децата им е тешко да заспијат без цуцла, потсетуваат стоматолозите. Сепак, тие за неколку недели ќе се навикнат без цуцла и ќе сфатат дека веќе не им е потребна.

Сите родители би се сложиле дека цуцлата многу брзо станува навика, а со годините таа навика постанува лоша. Затоа, подобро е да ја прекинете што поскоро.

Погледнете ги и најчестите родителски грешки кои го забавуваат развојот на детската интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар