Стокхолмски синдром во љубовта: Како партнерите се зближуваат преку трауматичните искуства?

Стокхолмски синдром во љубовта: Како партнерите се зближуваат преку трауматичните искуства?

Стокхолмски синдром е психолошка состојба што се јавува во ситуации кога доаѓа до зближување помеѓу киднаперите и нивните заложници. Колку повеќе време поминуваат заедно, толку поголеми се шансите дека киднаперите ќе се зближат со заложниците, а со тоа се намалува и веројатноста дека ќе ги повредат. Стокхолмскиот синдром е присутен и во нездравите љубовни врски каде постои насилство.

Стокхолмски синдром во љубовта: Како партнерите се зближуваат преку трауматичните искуства?

Многумина не можат ни да си замислат да бидат во врска со насилен човек. Но, и покрај тоа, многу поединци остануваат со нивните насилни партнери, а останатите не можат да се изначудат и постојано се прашуваат зошто.

Иако постојат многу одговори на ова прашање, станува збор за нешто многу едноставно: Зближување преку трауматични искуства. Ваквото зближување се случува кога еден човек е во врска полна со насилство и со текот на времето се приврзува за насилниот партнер преку неговото насилство. Ова тврдење има логика ако размислите подобро. Најчесто, луѓето се зближуваат кога поминуваат време заедно, без разлика дали станува збор за убави или лоши моменти.

Но, треба да запомните дека зближувањето е многу поинакво од љубовта, довербата и привлечноста. Приврзаноста е нешто што не може да се изгуби. Станува збор за физиолошка реакција што се случува во телото и е многу слична на зависноста. Освен тоа, многумина не ни забележуваат дека партнерот ги искористува и се однесува лошо со нив, затоа што општеството нѐ научило дека насилството може да биде само физичко, но се работи за многу повеќе од тоа.

Секако дека физичкото насилство е сериозен проблем, но и психичкото насилство е исто толку проблематично. Всушност, според голем број луѓе психичкото насилство е многу полошо, бидејќи не може да се препознае толку лесно.

Психичкото насилство слободно можеме да го споредиме со бавна, но отровна инфузија. Може да почне во форма на ситна навреда, поради што жртвата ќе реши да го игнорира инцидентот. Меѓутоа, со текот на времето, насилството ќе ѝ станува сѐ појасно и појасно на жртвата.

Освен тоа, многу насилници ги опсипуваат жртвите со љубов по извршеното насилство и им предизвикуваат збунетост. Не само што ги уништиле нивните жртви, туку и ги бомбардирале со нежност оставајќи ги да помислат дека можеби ситуацијата и не е толку лоша. Но, за жал, многу е лоша. Ваквиот повторлив циклус уште повеќе ја засилува зависноста поради што доаѓа до зближување преку трауматични искуства.

Стокхолмски синдром во љубовта: Како партнерите се зближуваат преку трауматичните искуства?

Доколку се прашувате како да препознаете дали оваа појава е присутна во вашата врска, следниве знаци ќе ви помогнат да дознаете…

1. Партнерот ви ветил дека ќе се промени, но не го исполнил неговото ветување. И покрај тоа, вие сѐ уште верувате дека ќе се смени.

2. Иако другите луѓе се вознемируваат поради однесувањето на вашиот партнер, вие продолжувате да го игнорирате и да го сметате за нешто безначајно.

3. Постојано се карате за истите работи и никој никогаш не победува.

4. Сте се фатиле себеси како се обидувате да го ублажите насилното однесување на вашиот партнер.

5. Преминувате од периоди на насилство во периоди со неизмерна љубов и верувате дека вашиот партнер навистина се променил.

6. Постојано наоѓате оправдувања за неговото насилно однесување.

7. Мислите дека ќе престанете да постоите, ако не сте со партнерот.

8. Кога сте разделени, чувствувате преголема болка, па затоа секогаш се смирувате.

9. Се чувствувате заглавено и мислите дека МОРА да бидете со вашиот партнер.

Зближувањето преку трауматични искуства може да се случи во различни типови врски, без разлика дали се работи за врска помеѓу маж и жена или мајка и дете. Обично се јавува како последица од домашно насилство. За жал, многумина продолжуваат да живеат на овој начин, бидејќи не можат да сфатат дека нешто не е во ред со нивната врска. Доколку се пронајдовте во некои од горенаведените знаци, размислете дали сакате да го поминете животот во врска полна со насилство. Престанете да го оправдувате насилното однесување на партнерот и ослободете се од оковите на љубовниот Стокхолмски синдром.

Прочитајте ги и следниве 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар