Што можеме да научиме од оние кои изневеруваат?

Што можеме да научиме од оние кои изневеруваат?

Кога имате постар брат/сестра многу брзо учите што е дозволено, а што не. Затоа некои работи најдобро се учат од туѓа перспектива, т.е. да не ги правите грешките на другите луѓе ако веќе го знаете исходот. А кога сме на оваа тема, особено интересни за набљудување се луѓето кои изневеруваат. Па, еве што можеме да научиме од нивните грешки.

0-sto-mozeme-da-naucime-od-onie-koi-izneveruvaat-kafepauza.mk

1. Неверниците никогаш не добиваат среќен крај

Многу ретко луѓето кои изневеруваат завршиле со личноста со која изневерувале. Постојат две главни причини за неверство: 1) тие се несреќни во моменталната врска и 2) оној кој е од другата страна нуди нешто што таа врска го нема. Но, поуката е дека сѐ што неверникот добива е огномет кој многу брзо ќе згасне.

2. На лагата ѝ се кратки нозете

Ваквите типови луѓе мислат дека ако никој не знае, никој нема да биде повреден. Но без разлика на сѐ, кога изневерувате сигурно повредувате некој, а тој некој сте вие. Најдобар пример за ова се луѓето кои ја бришеле листата на повици и измислувале состаноци на сред ден само за да избегнат другата личност да дознае што прават.

Можеби мислат дека вака ќе ја заштитат личноста која ја изневеруваат, но вистината е дека на крајот ќе сфатат дека во цел тој процес тие не помислиле да се заштитат себеси: нивните срца, нивните цели и морали. А тој „крај“ е всушност крајот на аферата и почетокот на болката.

1-sto-mozeme-da-naucime-od-onie-koi-izneveruvaat-kafepauza.mk

3. Изневерувањето не мора да биде сексуално

Физичкото изневерување никогаш нема да боли повеќе од емоционалното. „Тајното пријателче“ од спротивниот пол на кого му ги доверувате вашите стравови и соништа може ќе направи и поголема штета на врската отколку физичка афера која трае година дена.

4. Многумина не можат ја контролираат привлечноста кон друг

Голем дел од неверниците се убедени дека можат да ја контролираат привлечноста, сѐ додека не ја преминат физичката граница. Но, за жал, порано или подоцна, тие секогаш ја преминуваат границата, па макар тоа било само за бакнеж.

5. За неверството секогаш има причина

Ако сте под искушение да изневерите некого, тогаш нешто навистина не е во ред во вашата врска. И ако веќе изневерите, тоа е показател дека не треба да бидете дел од таа врска. Но сепак, за многу луѓе признавањето дека врската не им успеала е многу пострашно сценарио отколку да ја ризикуваат целата врска така што ќе бидат фатени во неверство.

Жените кои изневеруваат вообичаено имаат големи празнини во нивните срца и животи, така што мислат дека можат да ја пополнат со вниманието, љубезноста и допирот на друг маж. Но, овие жени не наоѓаат долготрајна среќа во прегратките на друг маж, туку во задоволувањето на нивните потреби.

2-sto-mozeme-da-naucime-od-onie-koi-izneveruvaat-kafepauza.mk

6. Неверниците не се лоши луѓе

Тие се обични луѓе кои едноставно донеле погрешни одлуки во погрешно време и најважно, во погрешни ситуации. А повеќето од нив ќе зажалат за нивните избори.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар