Што ги прави луѓето успешни? 8 правила на силните лидери

Што ги прави луѓето успешни? 8 правила на силните лидери

Патот до успехот е многу тежок и полн со препреки. Но оние кои сакаат да стигнат до врвот знаат како да ја одржат својата позиција. Менаџирањето значи да сте задоволни и вие, но и оние под вас. Ако сте вие успешни, тогаш и вашиот тим и соработниците треба да бидат успешни. Затоа, ако сакате да бидете најдобри во она што го работите, овие правила ќе ви бидат особено корисни.

0-bidete-silen-lider-so-pomos-na-ovie-8-pravila-kafepauza.mk_

1. Пронајдете ја и тренирајте личноста која е „идната вие“

Необично нели? Мислите дека ако го пренесете вашето знаење и клучот за успех, ќе ви биде преземена работата? Баш напротив. Ако луѓето кои се под вас ги научите на сѐ што знаете тие ќе ја добијат вашата работа, но тоа значи дека вашата позиција ќе оди повисоко. Пренесете го целото ваше знаење на личноста која сметате дека го заслужува тоа. Луѓето мислат дека ако некој ве замени тоа значи отказ, но не, тоа значи унапредување.

2. Создадете заеднички цели

Верувајте во заемна комуникација. Дозволете им на луѓето да бидат дел од големите одлуки. Пред сѐ, вие ќе добиете повеќе мислења и предлози, а вашите колеги ќе се почувствуваат еднакви на вас. Сетете се на поговорката: „Две глави мислат подобро од една“.

3. Бидете достапни

Не оставајте успехот да ви ги заслепи очите. Слушајте ги потребите на вашите вработени и помагајте им со проблемите со кои се соочуваат. Дозволете им на луѓето да ви пристапат и да имаат доверба во вас. Нема ништо поважно од меѓусебниот однос помеѓу работодавецот и вработените.

Businesswoman talking on the phone smiling pointing at the computer screen

4. Никогаш не преправајте се дека ги имате сите одговори

Нормално е кога сте успешни да мислите дека знаете сѐ. Но, факт е дека не постои човек што знае апсолутно сѐ. Ако признаете дека нешто не знаете пред вашите колеги, тоа не значи дека вие не знаете да си ја работите вашата работа. Тоа значи дека сте доволно зрели и самосвесни да признаете дека не сте совршени. Кога се преправате дека ги знаете сите одговори, вие само се уназадувате и не учите ништо ново.

5. Бидете брзи со пофалби, а побавни со критицизам

На многу луѓе им треба малку поттик за да направат нешто големо. Тоа особено се забележува во големите компании. Живееме во време кога цел живот се натпреваруваме да сме што е можно подобри од нашата конкуренција. Луѓето имаат премногу задачи, а малку време. Исто така, технологијата и развојот на бизнисот можат да бидат неиздржливи, затоа важно е да се пофали и оној мал напредок којшто се остварува.

3-sto-gi-pravi-uspesni-lugjeto-8-pravila-na-silnite-lideri-kafepauza.mk

6. Анализирајте пред да дејствувате

Потребно ви е време за да соберете податоци, а според идејата за лидерство мора брзо да дејствувате. Платени сте да ги наоѓате решенијата на проблемите, а не да чекате на готово. Но, многумина прават грешка и пребрзо реагираат. Не бидете дел од тие луѓе, прво добро анализирајте ја одлуката и потоа донесете ја.

7. Не ги кријте вашите слабости

И вие сте човек како и сите останати и имате потреба да се искажете. Лидерството не значи да се изолирате од останатите луѓе и да си ги криете слабостите. Ако ги признаете вашите грешки, луѓето кои работат за вас ќе ги признаваат своите и уште повеќе ќе ги следат вашите инструкции.

8. Не бидете само лидер, бидете ментор

Кога сте на состанок со важен (потенцијален) клиент, повикајте ги оние личности кои сметате дека заслужуваат таква привилегија. Дајте им го вашиот број и објаснете им дека ако нешто не им е јасно можат да ве контактираат. Учете ги на вашите способности и наградувајте ги кога ќе направат нешто добро. Тоа покажува дека вие ги цените како вработени и дека нивното мислење ви е важно.

2-sto-gi-pravi-uspesni-lugjeto-8-pravila-na-silnite-lideri-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар