Облека којашто никако не би требало да ја комбинирате со штикли

Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

Можеби сте голем љубител на удобни патики и рамни чевли, но сигурно не можете да ја игнорирате ниту моќта на убавите штикли, во комбинација со привлечен и интересен стил. Имајте на ум, дека штиклите изгледаат убаво, само доколку се носат на правилен начин и добро искомбинирани со останата облека. Затоа, решивме на едно место да ги склопиме советите од разните модни стручњаци, кои советуваат која облека никако не смее да се комбинира со високи потпетици или чевли на платформа. Никако немојте да ги прекршувате овие модни правила, ако сакате да имате добар стил.

Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

1. Тексас шорцеви и високи потпетици

Доколку имате долги и тенки нозе, сигурно сметате дека во тексас шорцеви и високи потпетици, изгледате како позната холивудска ѕвезда. Но, доколку сакате да се истакнете од толпата, на женствен и елегантен начин, најдобро би било шорцевите да ги комбинирате со рамни сандали со каивчиња или со плитки патики. Доколку пак, сте пониски и сакате да додадете малку висина, тоа сторете го со сандали на платформа, во комбинација со поширока, лелеава маичка.

Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

2. Мини здолниште и чевли на платформа

Општо познато правило, е дека кратките здолништа, е тешко да ги задржите на место, бидејќи тие постојано се поткреваат и се изместуваат од страните. Доколку пак на тоа, додадете и неколку сантиметри висина коишто ќе ве направат нестабилни во чекорењето, многу непријатни ситуации можат да ви се случат. Затоа, секогаш имајте го ова правило на ум – со мини здолниште носите само рамни чевли, а со миди и макси здолниште, слободно носете и штикли.

Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

3. Ѕвонарки и чевли со отворени прсти

Иако пантолоните со широки ногавици, во комбинација со штикли, визуелно ќе ви ги издолжат нозете, сепак со овој аутфит морате да бидете внимателни. Чевлите на платформа со каивчиња или рамни чевли, се најдобрата опција за со ѕвонести пантолони, бидејќи ќе ја урамнотежат ширината на ногавицата. Од друга страна, носењето чевли со отворени прсти, во комбинација со вакви пантолони, изгледа неубаво и одамна не е во мода.

Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

4. Хеланки или тренерки и сите типови чевли на штикла или платформа

Доколку долниот дел од вашиот стајлинг изгледа како штотуку да сте излегле од салата за вежбање, тогаш дефинитивно не треба со сила да правите да изгледате, како да сте се подготвиле за вечерно излегување. Можеби спортскиот стајлинг е „ин“, но доколку немате чувство за мода, оваа комбинација може да изгледа многу невкусно.

Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

За крај, она што е најбитно, е да не носите чевли кои не ви се удобни. Колку и да ви се допаѓаат, неудобните чевли само ќе ви ја уништат вечерта, а со тек на време и стапалата.

Може да ве интересираат и овие непростливи модни прекршоци: 4 најголеми грешки во облекувањето кои ги прават жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар