Стилска и модна инспирација: Како да носите гладијаторки?
Гладијаторки. Еден од омилените трендови на сите модни зависнички веќе неколку сезони, а штом се толку популарни, можеби е редно време да ви покажеме како се носат. Ако се внимава на модните правила, тогаш секој може да ги носи. Ниските девојки можат да ги носат пониските модели, за да не им одземат од висината или да ги носат со шорцеви со висок струк за да ја издолжат силуетата. Како и голем број парчиња и римјанките т.е. гладијаторките можат да се носат на многу различни начини и во различни стилови.
Факт е дека најдобрата комбинација дефинитивно се состои од: маичка, шорцеви (по можност со висок струк) и гладијаторки, но подеднакво добро стојат со фустани (особено при асиметричниот крој навистина доаѓаат до израз), кратки комбинезони и здолништа со различни должини. Ако сакате да го изградите целиот изглед околу гладијаторките тогаш ви препорачуваме тие да бидат во црна боја за да ги истакнете, а ако сакате посмирен и побезбеден изглед кафеавите нијанси ви се одличен избор. Погледнете ја галеријата и не се плашете да го пробате овој веќе докажан тренд.