Стилот на македонската поп дива Каролина Гочева

Стилот на македонската поп дива Каролина Гочева

За поп дива од калибарот на Каролина Гочева, нема потреба да трошиме многу зборови на претставување. Освен со неверојатните гласовни способности кои разнежнуваат, развеселуваат, ве ежат и растажуваат истовремено, Каролина ја плени публиката со нејзиниот цврсто изграден стил. Каролина е девојка која е секогаш претставителна, знае да носи буквално сè, од секси и женствено, до спортски и лежерно. Нејзиниот стил е препознатлив, а се темели на елеганција, убавина, женственост, но пред сè на квалитет.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНа македонската јавност ѝ е позната уште од нејзините тинејџерски години, но она што буквално ја подига нејзината музичка кариера во нагорна линија е потпишувањето договор со Авалон продукција во 2000 година. Нејзините сценски настапи пленат и воодушевуваат, особено кога ќе испее некоја балада. Токму поради тој неодолив шарм на сцена, досега два пати беше одбрана да ја претставува нашата земја на избор за песна на Евровизија. Можеме со сигурност да кажеме дека Каролина и покрај тоа што е доста успешна и позната на Балканот, останува верна на своите корени и со гордост ги исполнува и традиционалните македонски песни. Токму таа ги наежи срцата на сите македонци ширум целиот свет кога во огромен црвен фустан настапи на прославата за Денот на независноста минатата година.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНејзиниот втор албум, „Зошто сонот има крај“, беше повод Каролина да биде прогласена за мега-ѕвезда. Пролетта 2003 излегува и нејзиниот трет албум насловен како „Знаеш колку вредам“, кој исто така е одлично прифатен од публиката. „Кад звезде нам се склопе… као некада“ е насловот на српската верзија од истиот албум со што нејзината популарност се шири на териториите на поранешна Југославија. Со албумот „Во заборав“ од 2005-тата година, Каролина го менува нагло својот имиџ и покажува една поинаква, жешка страна. Таа е женствена, секси и неодолива, но никогаш претерано и секогаш со вкус.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНикогаш не потпаѓајќи на ниски медиумски провокации и озборувања, таа успева колку што може повеќе да ја заштиути својата приватност, останува ладна на „чаршиски“ муабети и буквално докажува дека нејзината слава се темели на нејзината способност и талент, а не на правењето скандали. Многубројни турнеи, гостувања, настапи на фестивали, само докажуваат дека Каролина е една од ретките на нашите простори кои можат слободно да се мерат со светските ѕвезди.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваНејзиниот петти студиски албум, „Македонско девојче“ е најпродаваниот во Македонија во 2008. Наместо спотови за песните, за овој албум излезе едночасовно шоу со десетте песни од албумот. Овој пат со смирен, сериозен и по малку ретро стајлинг, „Македонско девојче“ е сосема поинаков албум од нејзините дотогашни, кој содржи песни исполнети со чувства, во кои секоја жена би се пронашла макар за момент. Потоа следува „Капка под небото“ како и „Најубави песни“, што се докази дека Каролина останува доследна на нејзиниот стил и имиџ на поп дива и нешто за што со гордост можеме да кажеме дека е наше, македонско.Стилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина ГочеваСтилот на македонската поп дива Каролина Гочева


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Еленка Reply

    Како сте го заборавиле најголемиот виновник за стилот на Каролина…долгогодишниот стилист Цаци Паковска?!

  2. Ivana Reply

    НАЈДОБРА Е <3

  3. Svetle Reply

    Pred se ubavo izgleda, kompletna linost i mi se cini sto i da oblece vo momentot se i stoi. Sekoja cest.
    Moze da se nosi so site ostanati zvezdi nadvor od mk

  4. Angela Reply

    Прво, браво за статијава и секако за Каролина и нејзиниот стил :))

  5. iva Reply

    Порано кај Каролина беше поинаку, кога Ношпал специално за нејзе изработуваше гардероба од типот на високата мода од парис, милано, њѕјорк.,која изгледаше поинаква од оваа денес што ја промовира Цаци. зар треба да ги заборавиме фустаните што ги носеше Каролина, на пример на Евросонгот 2002, за манифестациите од типот на 12 Величествени, на Златна бубамара и слично. се облекуваше како вистина звезва, имаше на себе Висока мода, а денеска е по инаку. Каролина ја обожаава и ја сакам, но не треба да си дозволува да се појави двапати јавно во иста комбинација. премногу ми се облекува како деловна жена. треба повторно да соработува со Александар Ношпал.

  6. VELINA Reply

    SOVRSENA!!!

Остави коментар