Стилизирајте го вашиот костим за капење на 6 различни начини

Стилизирајте го вашиот костим за капење на 6 различни начини

Првиот и најважен чекор е пронаоѓање совршен костим за капење во кој сите ќе ви завидуваат. И тоа е сѐ што ќе ви биде потребно на плажа, додека се сончате и пливате. Но ако посакате да отидете на некоја забава која се организира на базен или покрај море, потребно ви е нешто повеќе. И не, не треба да одите во потрага по некој неверојатен костим за капење, туку само да му додадете некој детаљ на вашиот, а ние како и секогаш имаме фантастични предлози за тоа.

1. Носете го со шешир

Наједноставниот и најлесниот начин е да додадете шешир како моден детаљ кој ќе ви го даде посакуваниот изглед. Колку е поголем шеширот, толку поубаво и погламурозно ќе изгледате, иако сте облечени само во бикини.

2-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_

2. Додајте парчиња накит

Накитот не е нешто што е вообичаено при стилизирање за некои настани како што се плажата и базенот, но со оглед на можностите и големиот број модели кои постојат, можете слободно да го искористите за стилизирање за некоја журка покрај вода. Синџирите за тело, а ги има навистина многу и во различни големини и облици, се совршен начин за да го „зачините“ вашиот изглед и да го направите позанимлив.

3. Ретро детали

Ретро деталите сѐ повеќе се враќаат во модниот свет како голем тренд, па можете да ги искористите и за вашите бикини. Направете да изгледате ретро во вашиот костим за капење така што ќе додадете некој турбан или марама на главата, а притоа ќе добиете еден посебен и убав изглед.

5-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_6-stilizirajte-go-vashiot-kostim-za-kapenje-na-6-razlichni-nachini-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите идеи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар