Стефанија Станковска споделува модни совети и трикови за развивање на вашиот Инстаграм профил
Инстаграмџиката Стефанија Станковска живее во Куманово и студира моден дизајн на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје. Таа е љубителка на модата, на животот и на патувањата и настојува секој нов ден да ѝ е подобар од претходниот. Стефанија смета дека е на вистинскиот пат за исполнување на своите соништа, и верува дека е амбициозна, упорна и вредна личност што знае како да успее во тоа во што најмногу верува. Погледнете ги нејзините одлични модни комбинации и прочитајте ги одличните совети што ги споделува.
View this post on Instagram
1. Кога прв пат забележа дека ти се појавува интерес за модата? Дали твојот стил бил под влијание на инфлуенсерки и модни дизајнери или пак, преферираш да експериментираш и да го носиш само тоа во коешто ти се чувствуваш најдобро?
Кај мене интересот за модата постои уште од кога знам за себе. Отсекогаш сум била вљубена во модата и во модниот дизајн. Уште од мала сакав да комбинирам различни модни парчиња и да смислувам модни комбинации. Најчесто гледам сама да експериментирам со својот стил и да составувам комбинации коишто се уникатни и поинакви од веќе видените. Но, понекогаш се случува да црпам инспирација и од светските дизајнери и инфлуенсери, што мислам дека е сосема нормално.
View this post on Instagram
2. Што ти даде идеја да почнеш со моден блог и како се развиваше твојот Инстаграм профил од моментот кога ја објави првата фотографија?
Љубовта кон модата беше причината поради којашто го основав мојот блог. Сакав да ја споделам со другите мојата смисла за мода, бидејќи токму тоа ме исполнува и ме прави среќна. На почетокот беше потешко, бидејќи ми требаше време за да се издвојам, за луѓето да ме забележат и да го разберат тоа што го правам. Но, со текот на времето станува сè полесно.
View this post on Instagram
3. Нема подобра комбинација од мода и патување. Што мислиш, зошто е тоа така?
Бидејќи секое место со себе си носи одредена доза инспирација. Секој град е различен, па така и модата во секој од градовите се разликува. Со секое патување спознаваме нови трендови и стилови коишто можеме да ги приспособиме на својот стил, односно на тој начин да го надградиме. Тоа е доказ дека модата и патувањата се создадени едно за друго.
View this post on Instagram
4. Без многу размислување, кој ти е омилениот пролетен тренд? Исто така, која ти е омилената пролетна дестинација за патување?
Без сомнение, долгите лесни фустани со цветен дезен ми се моменталниот омилен пролетен тренд. А дестинацијата нека биде Париз, бидејќи би сакала оваа пролет да го посетам.
View this post on Instagram
5. Кои се клучните парчиња облека што секоја девојка треба да ги има во својот шкаф? И без што никогаш не би требала да тргнува на пат?
Секоја девојка е различна, па мислам дека кај секоја би било различно парче облека. Имајќи го тоа на ум, според мене клучни парчиња облека се оние во кои секоја девојка би се чувствувала удобно и самоуверено, без разлика дали станува збор за некој фустан или за тренерки. Исто така, на пат не би требало да се тргне без омиленото парче гардероба, без козметика и нормално, без камера.
View this post on Instagram
6. Каков совет би им дала на девојките што сакаат да изградат поголема онлајн публика на Инстаграм? На што најмногу треба да се фокусираат, а што е подобро да го избегнуваат?
Јас на девојките би им препорачала секогаш да бидат тоа што се, да бидат свои и да веруваат во тоа што го работат. Исто така, треба да се фокусираат на себе, односно на својата цел. Секогаш да се трудат да формираат што подобри модни комбинации и фотографии. Да избегнуваат негативност, негативни луѓе и лоши мисли. И секако, никогаш да не се откажуваат од својот сон бидејќи само така ќе постигнат успех и добри резултати. Бидејќи кога вложувате труд и напорно работите за тоа што ве исполнува, публиката си доаѓа сама по себе.
View this post on Instagram
7. И за крај, ќе сакаш ли да го споделиш со нас твојот најдобар моден момент во 2018 година?
Најдобар моден момент во 2018 година ми беше тоа што имав можност да присуствувам на Fashion Weekend Skopje. Имав желба да видам како се одвива модата во Македонија, и што нашите дизајнери имаат да ни понудат. Тоа беше супер искуство за мене.
View this post on Instagram
Запознајте ги и Селма и Ајхан – најмодерниот пар во Македонија.