Сте паднале на дното? Погледнете ги најдобрите 3 начини да се извлечете од оваа криза
Ниту еден човек не е отпорен на потешкотиите во животот, ниту пак на депресијата. Во овие тешки моменти можеби сè ќе ви изгледа црно, но доколку ги запомните следниве 3 совети, големи се шансите дека брзо ќе успеете да се соочите со ситуацијата и одново да го изградите вашиот живот.
1. Создадете си мал ритуал за среќа
Кога се обидувате да го обновите вашиот живот, притоа започнувајќи од темелите, вашите денови ќе бидат исполнети со хаос. Но, доколку имате ритуал за повикување среќа, тогаш ќе внесете барем една предвидлива стабилност во вашиот живот. Направете список од сите оние нешта кои ги сакате и наоѓајте време за барем една од нив секојдневно. Без разлика дали станува збор за возење велосипед, шетање или трчање покрај река, природа, мир или тишина, важно е да ги најдете оние активности кои ќе ви создадат ред и ќе ве исполнуваат и смируваат секојдневно.
2. Направете 30-дневен експеримент
Понекогаш во текот на денот можат да ви се појават налети позитивна енергија која ќе ве мотивира да продолжите понатаму. Многу често се случува овие моменти да поминат незабележано од ваша страна, па токму затоа треба да се насочите малку кон себе со цел да ја искористите нивната моќ малку подобро. Доколку сте свесни за нив, тие ќе ви помогнат денот да ви помине побрзо, а вие да се чувствувате подобро. Токму затоа наместете го алармот на мобилниот да ви ѕвони на секои 2 часа и секогаш кога ќе се огласи, запишете точно што правите во тој момент и како се чувствувате. По 30 дена вие ќе имате куп податоци за сите оние нешта кои ве прават среќни.
3. Соочете се со вашите проблеми
Вие мора да ги смените оние нешта кои ве нервираат. Но, имајте на ум дека ако ги игнорирате, тие само ќе се собираат и со тек на време ќе ве удрат онаму каде што најмногу ќе ве боли. Целта е да ги откриете сите ваши проблеми, еден по еден, и полека да почнете да ги решавате, без одложување. Кога сите парчиња од сложувалката ќе се спојат заедно, вие ќе бидете среќни. Откако ќе одлучите да го земете вашиот живот во вашите раце, нештата брзо ќе почнат да се насочуваат кон вистинскиот правец.