Сте имале лошо искуство со бакнувањето? 10 грешки кои водат до лош бакнеж

Сте имале лошо искуство со бакнувањето? 10 грешки кои водат до лош бакнеж

Лошото бакнување може да се случи од најразлични причини. Понекогаш едноставно не постои хемија меѓу партнерите, а понекогаш зависи и од самата техника на бакнување. Во секој случај, доколку сте имале лошо искуство, не се обесхрабрувајте. Колку повеќе вежбате толку повеќе ќе ја усовршите вашата техника, но внимавајте да не ги правите следниве 10 грешки кога се бакнувате…

Сте имале лошо искуство со бакнувањето? 10 грешки кои водат до лош бакнеж

1. Ја шмукате долната усна на партнерот

Ова можеби сте го виделе и на филмовите. Можеби сте сакале да смените и да испробате нешто ново, но ако претерате со ова, целосно ќе ги блокирате усните на вашиот партнер и тој нема да може да ги движи воопшто. Најлошото е што по шмукањето долната усна се здрвува, а тоа воопшто не е пријатно чувство.

2. Не го движите јазикот

Не сте баш најсигурни што да правите со јазикот додека се бакнувате? Партнерот може да ја почувствува вашата несигурност доколку само го пуштите јазикот во неговата уста, а не го користите туку го оставате само така да лежи. Тоа воопшто не е сензуално, а ќе го збуните и него бидејќи нема да знае што да прави со вишокот јазик во неговата уста.

3. Претерувате со јазикот

Во ред е да го користите јазикот по малку околу усните на партнерот или партнерката, но ако претерате и почнете да одите накај брадата и образите, тие може да добијат впечаток дека се бакнуваат со нивното куче,а не со саканата личност.

4. Нападни сте и премногу брзате

Бакнувањето е возбудливо и забавно, но не треба да го нападнете партнерот од нигде никаде како да одите во поход на неговата уста.

5. Не користите јазик воопшто

Не можете во сите бакнежи да го вклучите јазикот, постои место и време за тоа. Но, доколку се бакнувате подолго време, само движењето на усните нема да заврши работа. Не плашете се да употребите јазик, но не претерувајте.

Сте имале лошо искуство со бакнувањето? 10 грешки кои водат до лош бакнеж

6. Ги бакнувате само усните

Понекогаш на усните им треба одмор. Не плашете се да го зачините бакнувањето и да го направите посекси со тоа што ќе споделите по некој бакнеж и на други места како што се вратот и ушите.

7. Имате лош здив

Хамбургерот со еден куп кромид во него можеби е вкусен, но ако подоцна треба да се видите со партнерот или партнерката, веројатно и не е баш најдобра идеја да одберете таков ручек, особено ако сте на почеток од врската.

8. Премногу ја отворате устата

Не бакнувате кит. Усните зафаќаат мала површина од лицето. Ако ја отворате устата толку широко што понекогаш го допирате и носот, размислете за тоа да ја промените техниката.

9. Усните ви се стиснати

Заборавете на љубовните лекции од цртаните и филмовите како „Малите палавковци“. Не сте повеќе деца и време е да почнете да се бакнувате како возрасни.

10. Се судирате со забите

Сигурно ве ежи тоа кога случајно ќе ја удрите виљушката од вашите заби. Исто е чувството кога ќе ги судрите забите со нечии туѓи. Внимавајте на ова.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар