Сте добиле отказ? 7 совети што ќе ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат

Сте добиле отказ? 7 совети што ќе ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат

Ако сте го изгубиле работното место, сигурно многу добро ви е познат првичниот шок и неверувањето дека тоа токму вам ви се случило. Кога ќе ја изгубите работата, особено доколку тоа се случи неочекувано, може да бидете збунети и да не знаете што да направите следно. Погледнете ги овие неколку совети коишто ќе ви овозможат да ја вратите работната сила што е можно побргу.

1. Подредете ги вашите квалитети

Најверојатно кога ќе ја изгубите работата вие ќе настојувате што побргу да пронајдете нова. Тој период треба да размислите како најбрзо можете да го постигнете тоа. Еден од најголемите фактори коишто може да влијаат побргу да ја пронајдете следната работа, е вашата способност да обезбедите професионални препораки, а истите треба да ги избирате претпазливо. Ако вашиот работодавец ве отпуштил поради слабите резултати, можеби треба да се обратите кај вашите колеги кои на некој начин биле импресионирани од вашата работа и се подготвени да ве прикажат во позитивно светло.

2. Известете ги останатите

Многу е важно пред вашето заминување да ги известите оние со кои сте соработувале. Испратете им имејл на вашите соработници и известете ги за вашата состојба. Секако, направете го тоа од вашиот деловен имејл, оној којшто го содржи вашето име и презиме, а не името на вашето милениче. Доколку немате своја приватна имејл адреса, време е да го направите тоа, затоа што ќе ви биде потребна при испраќањето апликации за работа.

3. Навратете се на вашата кратка биографија

Мотивационото писмо и кратката биографија се најзначајните алатки коишто ве претставуваат, па затоа, ставете ги во прв план и надградете ги. Колку подобро ги ажурирате, толку поголеми шанси ќе имате за нови работни места. Иако секој од вас го прави тоа сам, вметнувајќи ги новите работни искуства и стекнати вештини, сепак, денес постојат професионалци кои се занимаваат со ова. Па, доколку не сте сигурни во својата креативност, можете да побарате помош со цел да имате подобар и поуникатен приказ на вашата состојба.

4. Приклучете се на професионални мрежи

Уште една идеја што би можеле да направите кога ќе останете без работа е да се фокусирате на професионални платформи, како што е на пример „LinkedIn“. Активирајте го повторно вашиот профил, а доколку немате, сега е вистинското време да креирате. Доколку веќе ги ажуриравте мотивационото писмо и кратката биографија, не изоставувајте го и овој дел.

5. Пронајдете привремена работа

Во зависност од вашата финансиска состојба, можеби ќе сакате да барате и привремена работа, со цел да заработувате додека сте во потрага по трајно решение. Може да барате работа со скратено работно време, а слободното време продолжете да го трошите во пребарување на нова, стабилна работа.

6. Проценете си ја финансиската ситуација

Колку ќе се брзате при наоѓањето нова работа, зависи од вашата финансиска ситуација. Размислете за тоа колку имате заштедено и колку време би можеле да издржите со тој паричен износ. Земете предвид колку луѓе може да ви помогнат и колку чинат вашите неделни, па и месечни трошоци. Откако ќе ја согледате вашата финансиска состојба, вие ќе знаете дали треба да започнете со привремена работа, или пак имате време да почекате и да се фокусирате на долгорочно решение.

7. Посветете си време на себе

Негувањето на својата личност е од особена важност. Оставете си време да сфатите што сте научиле од претходното искуство и како истото можете да го искористите како предност на наредното работно место. Исто така размислете за нови вештини коишто можете да ги научите во меѓувреме. Можеби претходната работна позиција не била за вас, но секако ве чекаат уште многу позитивни работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар