Сте чуле за черофобија – страв од среќа, смеа и шегување?

Сте чуле за черофобија – страв од среќа, смеа и шегување?

Речиси и да нема човек на планетава кој не се нашол во ситуација нешто да му изгледа толку добро, што почнува да се сомнева дали е вистинито. Многу личности не знаат да уживаат во моментите на среќа, мислејќи дека поради балансот во Универзумот, потоа може да ги снајде нешто лошо. Поради ова, одредени индивидуи развиваат аверзија кон среќните моменти во животот, а некои дури и се плашат да бидат среќни. Самиот поим черофобија во буквална смисла значи страв од учествување во што било забавно и убаво.

Сте чуле за черофобија, страв од среќа, смеа и шегување?

Оваа фобија сè уште не е конкретно дефинирана и уште не е влезена во официјалната листа на фобии, а некои психијатари ја третираат како форма на анксиозност. Оваа состојба не значи дека личноста е постојано тажна, туку дека избегнува нови настани и ситуации што може да ѝ донесат среќа.

За да препознаете дали можеби страдате од оваа фобија, проверете дали некои од следните тврдења важат за вас:

  • Станувате анксиозни кога ве канат на дружење со повеќе луѓе
  • Ги одминувате сите можности што имаат шанси да внесат позитивни промени во вашиот живот, само затоа што се плашите од лош исход
  • Одбивате да учествувате во забавни активности
  • Сметате дека на секое добро што ќе ви се случи, следи нешто двојно полошо
  • Верувате дека покажувањето среќа е лошо за вас
  • Мислите дека обидите да бидете посреќни се само губење време

Можеби се чини необично некој да се плаши од среќа, а сето тоа доаѓа од траума, која се случила во раното детство, но не е исклучена можноста и овој трауматичен настан да бил неодамна. Луѓето често ги поврзуваат негативните последици со претходните убави моменти.

Пример за тоа е врска која со години била исполнета со љубов и среќа, по што следела голема караница. Ако слични настани се повторуваат повеќепати, личноста го прифаќа тоа дека на секое добро, следи и лошо, па се изолира од нешта што носат среќа, само за да се избегне евентуалната несреќа подоцна.

Сте чуле за черофобија, страв од среќа, смеа и шегување?

Во посериозните форми на оваа фобија, луѓето имаат чувство на безнадежност, страв од казна, бес и понижување, но сето ова може да потекнува од само еден настан во минатото што бил доволно брутален за да ја „убие“ секоја желба за нови искуства.

Овие луѓе можат совршено да функционираат со секојдневните предизвици и одлично да балансираат со работните обврски, но кога сето тоа ќе заврши, се повлекуваат во својот безбеден меур каде што се изолирани и од доброто и од лошото. Најчесто, тоа е одбранбен механизам предизвикан од минати трауми.

Терапијата во ваква ситуација се состои од пронаоѓање на причината и обид да се искорени стравот од лоши последици. Секако, како и сите психолошки проблеми, третманот може да трае долго, но со сигурност вреди, особено кога станува збор за уживањето во среќните моменти од иднината.

Прочитајте и за 10-те сигурни знаци дека доживувате паничен напад


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар