Сте чуле за амарант? Станува збор за здрава храна што ќе ја освои 2017-та година!

Сте чуле за амарант? Станува збор за здрава храна што ќе ја освои 2017-та година!

Немојте да нè сфатите погрешно, ние секогаш ќе ја препорачуваме киноата, но постои нова суперхрана што ќе ги освои чиниите во 2017 година. Амарантот е природно без глутен, содржи високо протеинско зрно и како киноата, бил клучен дел од диетата на античките Ацтеки. Тие дефинитивно знаеле како здраво да се исхрануваат!

(1) Сте чуле за амарант? Станува збор за здрава храна што ќе ја освои 2017-та година!

Што е амарант?

Исто како и киноата, амарантот е исушено семе. Ацтеките биле првите што го култивирале розовото цветно растение пред околу 8.000 години и сега тоа расте ширум светот во државите како Кина, Перу, Нигерија и Мексико. Бидејќи е природно безглутенски, амарантот е одличен за добар и здрав појадок – кога ќе се свари, тој добива изглед сличен на каша, па лесен е за подготовка, како и за консумирање.

(2) Сте чуле за амарант? Станува збор за здрава храна што ќе ја освои 2017-та година!

Кога велиме суперхрана, навистина го мислиме тоа. Листата на придобивки од амарантот е огромна, но еве неколку што со сигурност ќе ви го привлечат вниманието:

  • Одличен извор на калциум, магнезиум и железо
  • Студиите покажале дека може да го намали холестеролот
  • Целосен протеин, ги содржи сите есенцијални аминокиселини
  • Содржи 9 грама протеини во една порција, во споредба со 8-те кај киноата

Како да го јадете?

Амарантот е одличен избор за првиот оброк во вашиот ден, но постојат многу креативни начини на кои можете да го сервирате. Ако сте љубители на киноа, тогаш можете да го искористите во истите рецепти. Од друга страна пак, можете и да го замените оризот со амарантот и да добиете уште поздрав оброк. Бидете креативни!

(3) Сте чуле за амарант? Станува збор за здрава храна што ќе ја освои 2017-та година!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар