Станете експерт за флертување: 5 техники кои може да ги искористите во секоја ситуација

Станете експерт за флертување: 5 техники кои може да ги искористите во секоја ситуација

Флертот е многу поедноставен отколку што мислите. Тој е комбинација на насмевки, погледи, позитивна енергија и релаксираност. Тоа не е ништо повеќе од тоа да направите некој да се чувствува добро кога е околу вас. Можете да флертувате со кој било во кое било време. Тоа е свесна намера да го поткренете расположението на личноста со која зборувате.

0-stanete-ekspert-za-flertuvanje-5-tehniki-koi-mozhe-da-gi-iskoristite-vo-sekoja-situacija-kafepauza.mk

1. Подарете комплимент

Сите сакаат комплименти – дури и мажите. Ако видите згоден странец, дајте му комплимент кој ќе го опише она што сте го забележале кај него. Избегнувајте општи и клише комплименти како „Изгледаш убаво денес“ – бидете поспецифични и малку покреативни. Одличен комплимент е „Имаш убав часовник“.

Ефективните комплименти се специфични и содржат придавки. Несоодветни зборови се: „фантастично“ „убаво“ „интересно“ „фасцинантно“ „згодно“ „импресивно“ – овие зборови се често слушани и веќе досадни. Комплиментот треба да биде нешто што личноста досега не го слушнала. Не се плашете да хиперболизирате, секако сѐ додека сте искрени.

2. Поставете прашање

Мажите обожуваат да помагаат. Ако сакате да флертувате со него, тогаш одлична техника е да го прашате нешто или да побарате негово мислење. Тој ќе се чувствува корисно – а тоа чувство мажите го обожуваат и плус, така започнувате разговор. Откако ќе го добиете одговорот, застанете еден миг и дозволете тој да ја продолжи интеракцијата. Не изгледајте како да брзате – дајте му можност да ви возврати на флертот.

3. Побарајте услуга

Ако ви се допаѓа некој, тогаш побарајте услуга од него. Истражувањата покажуваат дека повеќе ќе им се допаднете на луѓето ако направат нешто за вас. „Можеш да ми помогнеш со ова?“ – реченица која ќе го интригира секој маж затоа што го активира неговиот инстинкт да заштитува и обезбедува. Следува мало барање – да ви ја подржи јакната, да внимава на вашето место или да ви донесе кафе.

Вака, не само што ќе се почувствува корисно, туку потоа можете и да изразите благодарност така што ќе го почестите кафе или една тура пијалаци. Уште една добра техника е да му кажете дека сте му должник и да направите планови за повторно да се видите.

4. Говорете како маж

Сарказмот и навредите можеби се досадни флертувачки техники за жените, но тие всушност се одличен начин да извежбате говорење како маж. Мажите и жените комуницираат различно – мажите постојано си ставаат капачиња еден на друг, а кога жена ќе се придружи во шегувањето, таа ја истакнува својата разиграна и помажествена страна – што им е привлечно на мажите. Знаејќи одвреме-навреме како да зборувате како маж е корисна техника за да се одвоите од другите жени.

Саркастичната фраза како „Не можеш да бидеш згоден и паметен. Што си од тие две?“ е одличен начин да го фатите неспремен и слатко да го насмеете.

5. Бидете директни

Ако флертувањето ви е удобно, тогаш директниот пристап е одличен начин да покажете дека сте пристапни и дека имате самодоверба. Ова не треба да се смеша со додворување. Флертувањето е начин да го привлечете неговото внимание и да му покажете дека е во ред да ве покани да излезете.

Флертот му дава до знаење на мажот дека сте заинтересирани за него. Кога сте директни тоа успева затоа што ретко која жена прва му пристапува на мажот. Дури и ако тој прв ви пристапи и ви каже „здраво“, дозволено е, а и пожелно да го измеркате од глава до петици и да му кажете „згоден си“. Оваа техника ви дозволува да бидете агресивни на елегантен начин и таа ве одвојува од другите жени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар