Срушете ги нејзините ѕидови: 12 причини зошто затворените девојки се најдобрите љубовни партнерки
Доколку некогаш сте биле повредени и сте ја почувствувале болката предизвикана од скршеното срце, сигурно сте изградиле ѕидови околу себе за да се заштитите. Се заклучувате во себе и решавате да го скриете клучот на некое време. Повнимателни сте, бидејќи самата помисла од тоа да ја покажете вашата ранливост ви создава стрес и анксиозност. Никогаш не би сакале да се изложите на ризикот да бидете измамени, разочарани и предадени.
Дали тоа значи дека вие целосно сте ја отфрлиле можноста да најдете љубов? Не, но вашиот пристап кон неа е сосема поразличен. Вие сте станале затворени. Постојат многу погрешни сфаќања околу затворените луѓе. Многумина мислат дека се пребирливи и арогантни, но тоа е далеку од вистината. Тие немаат намера да им „пуштаат водичка“ на потенцијалните партнери и потоа да ги отфрлат, но тоа се случува.
Врските со ваквите луѓе делуваат многу тешки, особено со затворените девојки. Сепак, доколку успеете да ги срушите нејзините ѕидови, ќе откриете дека таа е одлична љубовна партнерка со која може да се има прекрасна врска. Ова се 12-те причини зошто треба да се вљубите во затворена девојка…
1. Таа е внимателна и носи паметни одлуки.
2. Нема да се исплаши и да си замине кога нештата ќе тргнат наопаку.
3. Никогаш нема да ве згушува.
4. Нема да има ниту премногу барања и очекувања.
5. Нема пребрзо да ви открие премногу работи. Секогаш ќе сакате уште повеќе да ја запознаете.
6. Кога е во врска, таа безрезервно му верува на партнерот и ќе ви го даде целото нејзино срце.
7. Таа е силна и не се вознемирува околу ситници.
8. Таа е пребирлива затоа што знае што сака и тоа е добро.
9. Таа секогаш ќе ви биде лојална и посветена.
10. Кога ќе ви изјави љубов, таа навистина ќе го мисли тоа.
11. Ја цени врската со нејзините пријатели и семејство, бидејќи знае дека тие ќе бидат секогаш тука за неа.
12. Таа знае колкава е болката предизвикана од скршено срце и никогаш нема да го скрши вашето.
Затворените девојки се плашат да ги отворат вратите од нивниот свет, бидејќи не сакаат повторно да бидат разочарани. Тие се обидуваат да го направат вистинскиот избор, но сите знаеме дека изгледот понекогаш знае да излаже. Доколку ви се допаѓа некоја затворена девојка, немојте да се двоумите! Обидете се да ги срушите нејзините ѕидови и пријатно ќе се изненадите од она што се крие внатре.
Доколку ве заинтересира оваа тема, дознајте како изгледа љубовниот живот на амбициозните девојки.