Среќата не е вродена, таа е начин на размислување

Среќата не е вродена, таа е начин на размислување

Зошто некои луѓе се чини дека ја имаат целата среќа на светот? Психологот Ричард Вајсман во поголемиот дел од својата кариера истражувал во врска со ова прашање и открил неколку изненадувачки резултати. Со интервјуирање на повеќе од 400 самопрогласени среќни и несреќни луѓе, истражувањата на Вајсман покажале дека среќата не е „само среќа“, туку таа е и начин на размислување.

Среќата не е вродена, таа е начин на размислување

Среќните луѓе ги согледуваат и ги искористуваат можностите, а несреќните луѓе не го прават тоа. Имено, несреќните луѓе ги пропуштаат можностите бидејќи се фокусирани на нешто друго. Тие одат на забави со цел да пронајдат партнер за себе, а притоа ги пропуштаат можностите да запознаат нови пријатели. Среќните луѓе се порелаксирани и повеќе отворени, па ги согледуваат и работите што ги опкружуваат, а не само она што го бараат. Вајсман ја смета среќата како вештина која може да се одгледува, а не нешто што го имате или го немате. Тој опишува три основни принципи кои донесуваат среќа. Еве кои се тие.

1. Излезете од рутината

Несреќните луѓе најчесто се заглавени во нивната рутина. Тие постојано одат по истиот пат и разговараат со истите луѓе. Спротивно на нив, среќните луѓе се обидуваат да внесат нешто поразлично во нивниот живот.

2. Следете ја вашата интуиција

Несреќните луѓе честопати не успеваат да ја следат својата интуиција кога треба да направат некој избор, додека пак среќните им веруваат на своите претчувства и не се потпираат само на очигледните работи.

3. Бидете реално оптимистични

Среќните луѓе имаат навика да ја гледаат позитивната страна на нивната несреќа и тие помислуваат дека работите би можеле да бидат многу полоши. Во едно интервју, пристигнал некој човек со ногата во гипс и опишувал како паднал го скалите. Вајсман го прашал дали тој сѐ уште се чувствува среќен, а човекот весело објаснил дека сега се чувствува посреќен отколку порано. Како што посочил тој, би можело да биде полошо и да си го скрши вратот.

Среќата не е вродена, таа е начин на размислување

Вајсман создал „училиште за среќа“ за да ги тестира своите хипотези. Тој побарал од групите со среќни и несреќни волонтери да изведат некои вежби создадени за да им помогнат да дејствуваат и да мислат како среќни личности: Да ги согледуваат можностите, да ја следат интуицијата и да имаат позитивни очекувања. Резултатите биле зачудувачки: 80% од луѓето биле позадоволни од својот живот, а можеби, најважно од сѐ, биле посреќни. Додека среќните луѓе станале уште посреќни, несреќните станале среќни. Значи, суштината на среќата е да верувате дека ја имате!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар